Изложба на фотографии и плакати од Дејан Џолев
Во фоајето на киното „Милениум“ во рамките на 13. Скопски филмски фестивал е отворена изложба на фотографии од Дејан Џолев, на кои се претставени култни филмски сцени.
Проектот, насловен „Ex-Postions 1/10.000“ содржи пет фотографии врз кои е аплицирано цртеж со маркер. Модел на фотографиите е Љупка Вучевска која позира во репродуцирањето на сцени од познати филмови, како „Уби го Бил“ со Ума Турман, „Основен инстинкт“ со Шерон Стоун“, „Очи широко затворени“ со Никол Кидман.
„Фотографијата е комерцијален медиум, но јас се обидов да го прекршам тоа правило и да изложам уметност“, изјави Џолев, дипломиран графички дизајнер. Себеси, како што рече, се перцепира како уметник кој се изразува во повеќе медиуми.
И во фоајето на Кинотеката на Македонија е отворена изложба која ќе може да се погледне до 28 април. Ќе бидат претставени филмски плакати на студентите од Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет. (К.Р.)
|