Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

ПОСЛЕДЕН ЗБОР

Милош Билбија 1948 -2010, археолог

Завчера во Скопје по тешко боледување почина Милош Билбија, археолог, долгогодишен истражувач на праисторијата, познат како пронаоѓач на познатата неолитска скулптура „Адам“ од Говрлево.

Тој е роден на 26 февруари 1948 година во Бос, Грахово, во Босна и Херцеговина, а дипломирал во 1973 година на Филозофскиот факултет во Белград, на Катедрата за археологија. Работеше во Музејот на град Скопје, како виш кустос во Одделението за археологија, а во неговата богата професионална биографија остануваат забележани систематските археолошки истражувања на неолитските и металодобните култури во Скопската Котлина, на локалитетите Скупи, Чрне - Маркови Кули во Скопје, Говрлево, во Матка - Михајлова пештера, во истражувањата на праисторијата во Славонија, Хрватска, на локалитет Церје во Словенија и други.

Милош Билбија беше член на Македонското археолошко научно друштво. Тој секогаш ја потенцираше научната и цивилизациска вредност на археологијата и во секоја прилика безрезервно го ширеше жарот на вистинските пронаоѓачи што оставаат трага во историјата.

Погребан е вчера на Градските гробишта „Бутел“.


#
Статијата е прочитана 450 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Штипскиот народен театар со „Бегалка“ гостува во Италија
Изложба на фотографии и плакати од Дејан Џолев
Науката и уметноста говорат на единствен јазик
„Неверство“ од Пинтер во Културниот центар ЦК
Без книгата светот ќе беше посиромашен
Творештвото на Старова претставено во Париз
Во Измир претставена традиционалната македонска музика