Штипскиот народен театар со „Бегалка“ гостува во Италија
Штипскиот народен театар со претставата „Бегалка“ ќе гостува во италијанскиот град Лече. Актерите веќе заминаа за Италија, каде што двапати ќе ја изведат претставата во режија на Дејан Пројковски.
Поканата за гостувањето на наградената претстава на фестивалот „Војдан Чернодрински“ пред неколку години, доаѓа по посетата на директорот на театарот во Лече, кој пред четири месеци одржа четиридневна работилница со актерите од штипскиот Народен театар. (Н.П.) |