Творештвото на Старова претставено во Париз
По покана на Институтот за источни јазици и цивилиазиции (ИНАЛКО) во Париз, на Денот на Европа, во низата активности беа претставени и познатиот француски писател Патрик Пуавр Дарвор, украинскиот Андреј Курков, преведен до денес на триесетина јазици како и нашиот писател, академик Луан Старова.
Книжевното дело на Старова, особено неговата „Балканска сага“, наиде на големи и позитивни одгласи во француската и европската книжевна критика, по петте објавени романи во Франција, а на претставувањето во Париз, говореше проф. Фроса Бушро, која ги истана вредностите прозното творештво на Старова објавено на француски јазик. Во претставувањето на нашиот автор учествува и други учесници на собирот, кои меѓу другото истакнаа дека „Луан Старова, за кого пишувале познати француски критичари и мислители (Едгар Морен, Ален Боске, Морис Друон, Ерик Фај и др.), пишува успешно и на македонски и на албански јазик и притоа овие два јазика се во постојана интеракција, наложувајќи ритмичка конфронтација од која најчесто произлегува квалитет и оригиналност“. (Н.П.) |