Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

„Неверство“ од Пинтер во Културниот центар ЦК

Театарската претстава „Неверство“ по текст на нобеловецот Харолд Пинтер, во режија на Нина Николиќ од вчера до 30 април ќе се игра во Културниот центар ЦК во Скопје во 20,30 часот.

Во главните улоги настапуваат актерите Благој Веселинов, Мартин Јорданоски и Дарја Ризова. Проектот е во продукција на Центарот за драмски уметности Т-ХАУС.

„Драмата се базира според вистинска приказна од животот на Пинтер. Се зборува за сложениот однос меѓу сопружниците Роберт и Ема и најдобриот пријател на мажот, Џери, со кого Ема има љубовна врска. Оваа претстава го обработува неверството во поширока смисла на зборот - неверството кон партнерот, кон пријателот, кон самиот себе“, информира организаторот.

„Неверство“ премиерно беше прикажана во декември минатата година и досега се распродадени повеќе од 20 изведби. Секоја изведба на претставата можат да ја следат 28 посетители. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 158 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Штипскиот народен театар со „Бегалка“ гостува во Италија
Изложба на фотографии и плакати од Дејан Џолев
Науката и уметноста говорат на единствен јазик
Без книгата светот ќе беше посиромашен
Милош Билбија 1948 -2010, археолог
Творештвото на Старова претставено во Париз
Во Измир претставена традиционалната македонска музика