Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија
Клаус го повика Барак Обама да не ја поткопува пазарната економија

Њујорк - Помасовната државна интервенција и построгите регулативи ќе ја продолжат рецесијата, изјави чешкиот претседател Вацлав Клаус. Тој го повика американскиот претседател Барак Обама да не ја загрозува слободната пазарна економија, реагирајќи на тој начин на светската финансиска криза. Во обраќањето пред Колумбискиот универзитет во Њујорк, Клаус, поранешен чешки премиер и приврзаник на слободниот пазар, изјави дека тој лично никогаш не очекувал дека дваесет години по крахот на комунизмот повторно ќе стане сведок на толку голема државна интервенција, каква што ја набљудува денеска во целиот свет. „Убеден сум дека денеска нашата главна задача продолжува да биде битката за слобода и за слободен пазар“, за што отсекогаш сме ги ценеле САД, рече Клаус.

Тој изрази надеж дека новиот американски претседател нема да ги загрози основните институции и пазарната економија. Според него, економските проблеми не треба да се решаваат преку дополнителна владина интервенција.

Клаус изјави дека чешките банки останале незасегнати од финансиската криза, затоа што примениле многу претпазлива политика по азиската финансиска криза. (МИА)


Статијата е прочитана 487 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Во „Сведмилк“ наголемо се правеле малверзации
Буџетот снема пари - Владата се задолжи со екстра-камати
Одборот на „Македонски телеком“ ги одобри извештаите
Рокот се ближи, фирмите уште неподготвени за ХАСАП
Екстра-приходите ќе се пријавуваат до 16 март
Банките не ги користат парите од ЕИБ
На Србија и' се заканува банкрот
Огромен раст на добивката
ММФ