Одборот на „Македонски телеком“ ги одобри извештаите
Одборот на директори на „Македонски телеком“ на вчерашниот редовен состанок ги одобри консолидираната годишна сметка, ревидираните финансиски извештаи, ревидираните консолидирани финансиски извештаи и годишниот извештај за работењето на друштвото за 2008. На состанокот, Одборот ги именува Бранка Павошевиќ за главен директор за човечки ресурси и Мирослав Јовановиќ за раководен директор за техника во „Македонски телеком“. „Павошевиќ има долгогодишно искуство во реномирани светски компании на високи позиции од областа за човечки ресурси, а Јовановиќ како ИТ-експерт е со големо искуство во Македонија и во странство“, соопшти „Македонски телеком“. (МИА) |