Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Цената на лебот нема да расте, уверуваат мелничарите

Лебот нема да поскапува, тврдат мелничарите. Нивните ставови претставувани од претседателот на мелничко пекарската групација, Благоја Стојчев, вчера беа контрадикторни. Од една страна, Стојчев тврдеше дека во земјава нема доволно пченица и дека нејзината цена и цената на брашното незапирливо расте, а, од друга страна, посочи дека пченица има доволно и дека цената на пекарските производи нема да расте. Според него, мелничарите почнале да купуваат жито од соседството, а дали ќе се зголеми цената на лебот, зависи од можноста за драстичен скок на цената на пченицата или нафтата како инпути во производството.

„Состојбата во мелничко-пекарската индустрија не е алармантна иако пченица нема, зашто производителите ја чуваат за стоката поради скапата пченка“, истакна Стојчев, според кого, ситуацијата е на некој начин стабилна, но е условена од случувањата во околните земји.

„Засега најавите од Србија се дека цената на пченицата ќе стагнира. Моментно се движи од 165 до 170 евра за тон“, додаде претседателот на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија и сопственик на „Млин Стојчев“.

Според него, пченица, брашно и леб ќе има, а од страна на мелничарите ќе се инсистира да не се симнува врзувањето на увоз на брашно со откуп на домашна пченица, бидејќи колку што чини домашното брашно, толку чинело и увозното. Тој не ја исклучи можноста помалите пекарници да ја коригираат цената особено на векните до 300 грама што сега чинат од 11 до 12 денари. „Но, големите капацитети не размислуваат за поскапување“, рече Стојчев. Сепак, ситуацијата на домашниот пазар ќе се следела зашто во соседството производството на пченица е намалено за 20 отсто, а домашната продукција на лебно жито е помала за 35 проценти од лани.

Мелничарите уште еднаш го посочија проблемот со нелојалната конкуренција што ја создаваат малите пекарници, кои, главно, како што истакна Стојчев, ги немаат воведено елементарните стандарди за работење.

Согласно со анализите на Комората, откупот на годинашниот род пченица ќе се интензивира во септември. Цената на стартот на откупот беше 9 денари, а сега достигна од 12,5 до 13 денари за килограм.

Практиката од изминатите 20 години покажува дека домашното жито секогаш се откупува. Така ќе биде и годинава, тврдат мелничарите. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 527 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Грозјето по лански цени, протестите прекинати
Долговите на државата се трупаат
Трговскиот дефицит 1,1 млрд. долари
СДСМ
Германците бараат поголеми плати
Уни банка ги намали ратите за „виза“ и за „мастер“
Кина сака да стане петти инвеститор во светот