Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Германците бараат поголеми плати

Откако во првата половина од годината германската економија оствари изненадувачки висок раст, синдикатите почнаа да бараат повисоки плати за вработените. Експертите повикуваат на претпазливост. Синдикатот ИГ Метал, на пример, најави дека, најверојатно, ќе побара покачување на платите од 4,5 до 8 отсто. Михаел Гремлинг од Институтот за германското стопанство смета дека најважно треба да биде да не се намалува бројот на работниците. „Секако, доколку постои економски оправдан раст, може да се искористи. Но, треба да се внимава, бидејќи зголемувањето на платите може да доведе и до кратење на работните места, кои сега стојат на стаклени нозе. На патот до закрепнување состојбата се нормализираше. Затоа треба да бидеме претпазливи при одредувањето на економските можности. Пред една година оваа дискусија беше невозможна. Тогаш на прво место беше одржување на вработувањата. Така треба да остане и понатаму“, предупредува Гремлинг.

Ифо-индексот во август порасна по трет пат едноподруго, претпријатијата се презадоволни. Германската економска ефикасност во вториот квартал порасна за 2,2 процента, а во цела година може да достигне до 3,5 проценти, што би било повеќе од просечниот раст пред кризата, кој изнесуваше само два процента. „Изненадени сме од особено добриот развој во првата половина од годината. Ова темпо од првите шест месеци на 2010 година нема да можеме да го одржиме во втората половина“, вели Гремлинг. И Улрих Катер, главен економист на Дека банк, повикува на претпазливост. „Вториот квартал донесе економски раст од 2,2 процента. Американците имаат навика да вршат годишна пресметка, и ако го сториме тоа, ќе достигнеме пораст од девет проценти, што се кинески услови. Тоа не може да се одржи, но ние се' уште се надеваме на солиден раст од околу половина процент во последните два квартала. Тоа е добро за закрепнувањето на германската економија, меѓутоа, не е повод за еуфорија, како во вториот квартал“, смета Катер. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 1142 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 07.09.2010 13:05:02
Ete...ne zabadijala ja vikaat Germanija...lokomotiva na EU...samo do koga ke moze da vlece istroseni vagoni...ke kaze idninata....!!!
Од: Еурека
Датум: 08.09.2010 00:08:22
Чекајте малку Грција да го банкнотира европскиот проект (ЕУ) и вие барате да се солидаризираат со вас ( ако најдете нешто од ЕУ) . Кога некој инвестира во банкрот нема ни сопствена иднина . ::::::PPPPPPPP

Најди! во Утрински
Економија
Грозјето по лански цени, протестите прекинати
Долговите на државата се трупаат
Трговскиот дефицит 1,1 млрд. долари
СДСМ
Цената на лебот нема да расте, уверуваат мелничарите
Уни банка ги намали ратите за „виза“ и за „мастер“
Кина сака да стане петти инвеститор во светот