Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

СДСМ: Власта не ги оствари економските ветувања

ВМРО-ДПМНЕ не ги оствари своите економски ветувања. Потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, на вчерашната прес-конференција спомна повеќе од нив: Регионална даночна академија за обука на даночниците, чие формирање се пролонгира до 2012, Бизнис-академијата за менаџерско образование, „Вардарска Долина“ и ангажирањето на економските промотори... „Ќе заврши и 2010, странски инвестиции во Македонија доаѓаат многу помалку во споредба со другите земји во регионот. Иако се трошат значителни пари, проектот е лошо осмислен и целосно неуспешен“, оцени Јовановски.

Според него, без резултат е и ветувањето за доизградба на магистралните водови за природен гас. Не е почната ниту изградбата на хидроцентралите „Чебрен“, „Галиште“ и „Бошков Мост“. „Најдобар показател за неостварените енергетски инвестиции е ТЕЦ ’Неготино‘, која е едноставно заборавена“, рече Јовановски.

На барање да ги коментира последните информации за проневера на пари во „Телеком“, кои биле користени за плаќање на македонски политичари, со оглед на фактот што во тој период на власт беше СДСМ, Јовановски, истакна дека сознанијата се однесуваат на многу подолг период порано. „И СДСМ е заинтересиран и ќе инсистира да се разоткрие целата листа на поврзани лица со овој случај и сите инволвирани низ судска постапка да се соочат со правдата“, рече тој. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1390 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.09.2010 18:23:10
Пак имаме стерилно и сувопарно критизерство без да се понуди алтернатива.Нема програма,нема идеи ,нема влада во сенка само голо политиканство.Народот ова го препознава и затоа сте таму каде што заслужувате.Инаку за криминалот во Телеком и тоа во 2005 год. имаме невешто алиби дури и лажење да тоа се однесува на некој друг период.Мора да се англиските лабуристи нема кој друг.
Од: Феличита
Датум: 08.09.2010 13:50:45
Среќко само еден збор: АНАЛТИКО!
Од: avatar
Датум: 08.09.2010 20:07:48
Nekako gledam samo bolest za vrakanje na vlast po sekoja, velam sekoja cena, duri i preku najmracni scenarija.Neznam dali jas ne sum pameten, no koj na takov nacin bi dobil nekogas vlast,pa duri i malku da vredat.No, vaka so navredi, so lagi, so nasilstvo i sl., ne gledam kako.

Најди! во Утрински
Економија
Грозјето по лански цени, протестите прекинати
Долговите на државата се трупаат
Трговскиот дефицит 1,1 млрд. долари
Цената на лебот нема да расте, уверуваат мелничарите
Германците бараат поголеми плати
Уни банка ги намали ратите за „виза“ и за „мастер“
Кина сака да стане петти инвеститор во светот






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe