Османи не сака да се вози во „мерцедесот“ на Бејта
ГОСТИВАР - Градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи, го продава општинскиот „мерцедес“. Официјално причината за отуѓување на луксузното возило е скапото одржување. Неофицијалната верзија е дека Османи не сака да се вози во „мерцедесот“ на неговиот претходник Невзат Бејта. Од стапувањето на функцијата, Османи за службени потреби го користи автомобилот „фолксваген пасат“ од поранешниот директор на ЈП „Гостивар“.
Од Службата за информирање на Општина Гостивар информираа дека вчера јавната лицитација била неуспешна. На огласот не се пријавил ниту еден кандидат. Почетната цена за „мерцедесот“ изнесуваше 461.250 денари. (К.К.) |