Екскомандантите на ОНА ќе имаат увид во државните тајни
Меѓу оние кои имаат пристап до државните тајни е и командант Шпати, осомничен за „Липковска брана“
Светлана Унковска
И покрај едномесечното проблематизирање за издавањето сертификати потребни за пристап до класифицирани информации, деновиве дел од пратениците на партиите на Албанците во Македонија, екскоманданти на ОНА, конечно, ги добија и тоа со ниво на пристап до документи со назнака „државна тајна“.
За нив собраниската Комисија за надзор на УБК и Агенцијата за разузнавање побара издавање на овој безбедносен сертификат како членови на Работната група за случајот „Сопот“. Тие во наредните шест месеци, односно до 20 февруари идната година, колку што е проценето дека ќе им биде потребно да го завршат случајот, ќе имаат увид во документи со степен на доверливост - државна тајна.
Хајрула Мисини, познат како командант Шпати, кој е еден од осомничените за хашкиот случај „Липковска брана“, откако еднаш бил одбиен, сега има дозвола за пристап до доверливите материјали. Тахир Хани е два пати одбиен поради тоа што бил поранешен политички затвореник. И Абедин Зумбери од Нова демократија, поранешен командир на воената полиција на ОНА, вчера се пофали дека има добиено сертификат и со тоа ќе има увид во тајните документи.
Според Законот, за да се добие пристап до документите кои се државна тајна, потребна е безбедносна проверка која ја врши Управата за безбедност и контраразузнавање. Се проверува дали лицата што бараат пристап до строго доверливите документи се сомнителни и дали тие имаат врски со организации кои претставуваат опасност за државата и дали се подобни да ги добијат доверливите информации.
Вчера посебната работна група која еден месец не работеше ништо, токму поради тоа што пратениците ги немаа потребните сертификати, ја одржа првата седница на која за претседавач на ова тело беше избран Хајрула Мисини од ДУИ. Свесни дека им преостануваат уште само два месеца за работа, тие предложија да се воведе посебна динамика на активности, за да се стигне до 31 октомври кога треба да биде изготвен финалниот извештај. Тие се согласија дека фокусот на нивните активности треба да биде насочен кон изнаоѓање нови докази, кои се потребни за повторно отворање на случајот.
„Работната група ќе се ангажира во собирањето аргументи и факти и нашата намера не е да упаѓаме во независноста на судството, туку ќе бараме нови аргументи и факти кои ќе послужат за повторување на судењето“, истакна претседавачот Мисини.
Тахир Хани, како претставник на ро��нините на осудените за „Сопот“, предложи да бидат земени предвид и изјавите на поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски и амбасадорот на НАТО Николас Бигман, кои изразија сомневање околу пресудата. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Цветко Грозданов оцени дека тие изјави имаат висок степен на веројатност, но изјавата на Бучковски ја оцени како политички маркетинг. Работната група најави дека во иднина голем дел од средбите ќе ги одржува зад затворени врати, но најави дека, сепак, јавноста ќе биде информирана за сработеното.
За инцидентот со поставената мина на патот во близина на кумановското село Сопот, што се случи пред шест години во која загинаа двајца војници на НАТО од полскиот контингент и еден цивил, беа осудени 11 лица на вкупна казна затвор од 156 години.
Да беа загинатите војници македонци, немаше да биде пронајден или осуден ниеден а камоли 11. Ефтин е, да не речам безвреден, животот во Македонија, освен ако не си странец
Од: pk-canada
Датум: 01.09.2009 05:00:02
bravo, alal da e.taka se pravi, na drzavni neprijateli im se dava pristap do drzavni tajni, za polesno da ne bitisaat.
Napred VMRO, ce bide zapametena kako partija koja sto dosledno raboti na upropastuvanje na Makedonija.
Toa e i tradicija na partijata od nejzinoto osnovanje pa do denes.
Partija na bugarofili, izdajnici, predavnici, idioti ,maloumni, pederi(premierot) i tn.
Од: Kimov Trajko
Датум: 01.09.2009 05:07:36
Nikola Gruevski zaedno so Makedonskoto sudstvo po se izgleda keja izgubi vlasta vo narednite izbori i doverbata od Makedonskiot narod poradi pomiluvanje na zlocincite na Makedonia i Makedonskiot narod..Pod brza postapka za vakvi luge vo Amerika ke bidat osudeni po 150god. Pa duri i kemu davate doverlivi dokumanti .SDSM se krivi sto ne pravaat koalicia so VMRO ipak neli sme Makedonci da ne bideme zavisni od Albancite vo Makedonia.
Од: Ајван Доктор
Датум: 01.09.2009 10:42:47
Ха, ха, ха... Врвна Безбедност! Сигурими! Колку подлабоко навлегуваме во демократијата, НАТО, ЕУ... толку се чуствувам сè побезбедно, и побезбедно, и По... Беее...! :(Р
Од: MKD
Датум: 01.09.2009 11:33:31
Ne gledate deka se e namerno? Dzabe site paradi i govori, DELATA GOVORAT POGLASNO OD ZBOROVITE. Namerno se otvaraat vratite na site anti-makedonski sili i narodi za da mozat sto pobrzo i posigirno da se resat od nas, Makedoncite. Kje go imaat na dusa Makedonskiot narod. Da... ocigledno bezvreden e zivotot na MAKEDONECOT vo sopstvenata mu tatkovina dokolku ne si ja zeme SUDBINATA VO SVOI RACE. Mislam povekje pricini do sega ne sme ni imale.
Од: prjatel
Датум: 01.09.2009 14:39:12
Се што ќе посакат нашиот мил пастир ќе им удоволи,само јадниот да се одржи на власт,а тоа што зборуваше дека со убијци нема да коалицира нека му ја мислат неговите миленици и гласачи.
Од: saso
Датум: 01.09.2009 15:35:53
zal mi e samo za tie deca i nivnite familii so izginaa vo konfliktot 2001 ej abe dali ste svesni vie od drzavnio vrv so prajte nedaj gospo da imapak vojna pa neka mi dojdi na vrata pozivar za vezba tesko nego a tesko i na ovaj narod nas ne znam koj ke odi pameten da go brani