Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика
Средства за дезинфекција како превенција од грип

Министерствата за здравство и за образование од денеска ќе почнат да поставуваат апарати со средства за дезинфекција во сите училишта, градинки и социјални установи за децата да се заштитат од т.н. свински грип. Министерот за здравство, Бујар Османи, вчера им порача на родителите да не ги пуштаат во училиште децата со симптоми на грип. Наставниците, пак, ќе водат строга контрола за отсуствата на учениците и за причините за отсуството. Според министерот, не треба да постои загриженост доколку апаратите не се поставени, а како мерка за заштита од грипот тој спомена дека најдобра превенција е често миење на рацете.

„Почетокот на учебната година се смета за критична точка, која може да го зголеми бројот на новозаболени. Од денеска Државниот санитарен инспекторат ќе наложи спроведување нови противпандемиски превентивни мерки и ќе ги зачести контролите во училиштата, градинките и социјалните установи. Институтот за јавно здравје ќе ги едуцира наставниците за новиот грип, а на првиот училиштен час ќе одржат предавање за лична хигиена. Ќе се дезинфицираат сите простории и ќе се постават апарати со слаби средства за дезинфекција. Установите ќе добијат и информативен материјал“, изјави Османи.

Министерот дополни дека Македонија е една од ретките држави каде што нема внатрешно ширење на болеста, туку сите случаи се внесени од странство. Тој додаде дека до вчера во земјава се регистрирани 42 случаја на грипот А (Х1Н1), а во последните 10 дена не е регистриран нов случај. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 293 пати.

Испрати коментар

Од: Vlade
Датум: 31.08.2009 23:16:06
Ако му остане некоја пара на министерот за здравство и на директорот на заводот за здравство, нека купат тоалетна хартија во тоалетите во министерството. За каква хигиена зборуваат ако нивните тоалети не се исчистени и со месеци нема тоалетна хартија!!!
Од: девичанецот
Датум: 01.09.2009 08:19:47
Подобро би било да постават апарати за ракија. Нели и таа е средство за дезинфекција.
Од: Читател
Датум: 01.09.2009 14:57:17
Да не беа владава и министеров за здравство, никогаш немаше да сватам дека грипот се шири преку нечисти раце. Браво министре, кој ли ти даде диплома!?!

Најди! во Утрински
Политика
Екскомандантите на ОНА ќе имаат увид во државните тајни
Саат кулата во Битола алергична на песни за партизани?
Македонија испрати нов специјален претставник во ЕУ
Обелоденети нови документи за случајот на Ел Масри
Османи не сака да се вози во „мерцедесот“ на Бејта
Македончињата да учат албански
Македонија на вежба на НАТО во Србија
Почит за загинатите и осуда на фашизмот