Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика
Почит за загинатите и осуда на фашизмот

По повод 70-годишнината од почетокот на Втората светска војна, Владата вчера ги осуди фашизмот и примената на сила и насилство за остварување политички цели, оддавајќи почит на 50 милиони луѓе кои ги загубија животите. Истовремено, Владата изрази огромна почит спрема оние кои се бореа за слободата и независноста на Македонија.

„Во овој момент уште еднаш изразуваме огромна почит кон храбрите луѓе кои самопрегорно застанаа во одбрана на слободата насекаде низ светот и кон борците од Народноослободителната војна, кои застанаа на браникот на татковината и со своето дело ги зацврстија темелите на нашата слободна, независна и самостојна држава Република Македонија“, се вели во соопштението.

На 1 септември 1939 година, Хитлеровиот Рајх ја нападна Полска, со што и официјално започна големата војна. „Одбележувањето на овој датум е момент кога сите заедно треба да се потсетиме на неколку моменти за да можеме сите заедно да креираме подобра и посреќна иднина“, порачува Владата, при што покрај осудата на фашизмот и примената на сила и насилство за остварување политички цели, остро се осудуваат и антисемитизмот, непочитувањето на човечкиот живот и достоинство, убиствата, палењата, протерувањата, мачењата, концентрационите логори.

„Во овие моменти повторно ја согледуваме и ја славиме големината на соработката помеѓу народите, почитувањето на човекот и човековото достоинство, почитувањето на принципот на самоопределувањето на нациите и нескротливиот дух за слобода“, се вели во соопштението до медиумите. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 338 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 01.09.2009 00:28:43
Според се` она кое оваа влада го практикува како свое владеење, таа со сигурност може да се нарече - фашистичка. Тоа е заради прогонот на опозицијата, антикомунизмот, турбо - пропагандите за својата „непогрешливост“, искривената идеологија за „Македонците - коренот на цивилизацијата“, апсолутната улога на вождот Груевски на сите разини на власта, еднопартизмот, прогонот на неистомислениците... Можам до утре да набројувам, можете и вие. Според тоа, оваа влада да го осудува фашизмот во некои свои соопштенија, тоа е едноставно - мизерија. Да престанат да ги залажуваат луѓето дека им е крива „комунистичката транзиција“, туку еднаш конечно нека направат транзиција на сопствената партија од фашистичко - полувојничка во либерална. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: bramoni
Датум: 01.09.2009 00:55:26
E Vladata pretera vo svoeto licemerie!!! Ja znaevme kako takva ama ova e preterano. Od edna strana plukaat protiv borcite sto se borele protiv fasizmot ( pr. Bitola, Gradskiot casovnik nema da ja sviri pesnata za Taki Daskalot), a od druga strana go osuduvaat fasizmot. A polovina od nabroenoto vo nivnoto soopstenie go pravat samite. Se cini deka dojdeno e vreme so puski na ramo da izlezeme vo planina. Kretenizam neviden i ako e od Vladata, dosta e!!!!!!! Ne e vecna!
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 01.09.2009 10:59:49
Мала исправка! „Господа“ од Бладата, Тие, Борците од НОБ, не ги „зацврстија темелите на нашата слободна, независна и самостојна држава Република Македонија“, Туку Тие Ги Создадоа Темелите на Нашата (се надевам и ваша) Слободна, Независна и Самостојна држава Република Македонија!!! Истата онаа која вие се трудите од петни жили да ја Растурите!
Од: Ивец
Датум: 01.09.2009 12:32:25
Не ме чуди она изразуваме почит „и кон борците на НОВ кои застанаа на браникот на татковината и со своето ДЕЛО ѓи ЗАЦВРСТИЈА ТЕМЕЛИТЕ НА НАШАТА СЛОБОДНА, НЕЗАВИСНА И САМОСТОЈНС ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА„, и останале живи. Туку ЕДНОУМИЕТО на Влада кое е подлабоко и од нивното евидентно БЕЗУМИЕ! Невидениот хаос во нивните глави ќе го плаќаат, ни криви ни дилжни, идните генерации...

Најди! во Утрински
Политика
Екскомандантите на ОНА ќе имаат увид во државните тајни
Саат кулата во Битола алергична на песни за партизани?
Македонија испрати нов специјален претставник во ЕУ
Обелоденети нови документи за случајот на Ел Масри
Османи не сака да се вози во „мерцедесот“ на Бејта
Македончињата да учат албански
Македонија на вежба на НАТО во Србија
Средства за дезинфекција како превенција од грип