Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика

Саат кулата во Битола алергична на песни за партизани?

Историската песна за херојот Таки Даскало, најверојатно, заминува во историјата

БИТОЛА - Историската песна „Таму ле мајко, близу Битола“, посветена на народниот херој Таки Даскало, која градскиот часовник во Битола со години и децении ја отчукуваше во исто време, најверојатно, заминува во историјата. Со замената на механизмот на градскиот часовник од пред неколку дена се заменуваат и песните што ги репродуцираше часовникот, означувајќи точно време. Сега единствено останува свечената песна на Битола од Ајри Демировски, која пее за „Битола мој роден крај“, додека на местото на сите други ќе има нови, најверојатно, песни на збратимените градови од светот со Битола.

Ваквите новини што ги најави градоначалникот на Битола, Владимир Талески, отворија жестока дебата во Советот. Реагираше опозицијата, а револтирано е и семејството на народниот херој Таки Даскало од Битола.

„Ме вознемири чинот што партиите на власт сакаат да ја сменат историјата. Историјата не се менува. Овие песни се напишани за животот на луѓето кои загинаа за оваа земја. Таки Даскало не беше анонимус, го познаваа на просторите на цела поранешна Југославија. Мојата реакција до општината е да не се обидува да ја менува вистината и историјата поврзана со овој град“, рече револтирано Драгица Мисирлиевска (71), снаа за брат на загинатиот партизан.

Битолската опозиција не остана рамнодушна на промените што ги донесе поправката на механизмот на Градскиот саат во Битола. Локалната власт со свеченост и присуство на високи гости од државата и од странство во саботата го прослави заменувањето на механизмот на Градскиот часовник во Битола, кој со години беше надвор од функција. Станува збор за германска донација вредна 10 илјади евра. Но, од сите пет песни кои саатот ги репродуцираше, по реконструкцијата единствено се слушна само „Битола, мој роден крај“. Ова ја отвори дилемата во јавноста дали песните кои се дел од историјата на Битола поврзани со народните херои од Втората светска војна и натаму ќе останат на репертоарот.

„Со сигурност тврдам дека беше расипан само механизмот на часовникот, а не и механизмот што ги репродуцираше песните. Не знам дали намерно или не, песната за Таки Даскало не можела навреме да се вметне. Најверојатно, затоа што е од социјалистичко време“, рече од говорницата Борис Чоревски, советник на опозиционата СДСМ.

Наместо песните од минатото, градоначалникот на Битола има нова идеја - да се фаворизираат песните на земјите кои имаат почесни конзулати во Битола, како и песни о�� збратимените градови. Целта е да се афирмира мултикултурната традиција на Битола.

„Со новиот механизам имаме уште поголема можност од она што го имавме. Градскиот саат имаше мелодии и веројатно тоа беше полниот капацитет, но овој новиот може многу повеќе. Апсурдно е да вградиме еден таков механизам, а да не го искористиме и да остане само на една песна“, рече Талески од советничката говорница.

За битолчани градскиот часовник изграден некаде во 16 век е еден од најмонументалните културни споменици. Тој отсекогаш бил мерач не само на времето, туку и на режимите. Граѓаните паметат дека во почеток од вградувањето на механизмот се слушала химната за кралството СХС, потоа „Хеј, Словени“, па македонската химна. Сега, како што најави власта, ќе се слушаат и химни на странски држави. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 1305 пати.

Испрати коментар

Од: bramoni
Датум: 01.09.2009 00:49:50
Ne e samo Gradskiot casovnik, sto gi otcukuvase istite pesni so koi izrasnaa mnogu generacii ( povekjeto se zivi), tuku tendencijata na segasnava vlast da brise sekakvi tragi od istorijata, i toa ponovata, da sotre sekakva traga od postoenje na povekje civilizacii i spomenici vo eden kosmopilitski grad kako Bitola i so eden zbor da go "poselanci" gradot i da ostanat samo spomenicite (novokomponirani, kako sto e vlasta) od vremeto na Bukefal. Neka im sluzi na cest i na gradonacalnikot i na sovetnicite sto se sramat od svojot sogragjanin Taki Daskalot sto go polozi svojot zivot za ovaa Makedonija i nivnoto plukanje po NOB, koi da ne postoeja tie seuste ke bea spermatozoidi vo testisite na svoite tatkovci. Ili so drugi zborovi se neuspesni abortusi. No zatoa go imame mrtoveckiot mavzolej na "dedo" ni Filip, kojsto ne im znaci nisto na nikogo i edna kic fontana goamiti stit na antickite vojnici na Ace dvocevka.
Од: Topce
Датум: 01.09.2009 07:48:35
Alo, se raboti samo za casovnik. Zasto na se mora da mu se dade partizansko-komunjarsko-sdsmvsko ili vmrovsko znacenje. Pa vi go popravija saatot posle tolku godini Bitolcani. Sekoja cest za narodnite heroi i za nivnite familii. Spomenot se predava od generacija na generacija i ne se zaborava. Dusegriznicite neka porabotat malku na domasnoto vospitanie na svoite deca i neka gi vospitaat da bidat po svesni pa da mozat da izberat samite dali ke se sekavaat na Taki Daskalot ili pak ke pametat nesto drugo. Dajte im pravo na izbor a ne da gi zadojuvate so edna ili druga ideja ili da gi boite vo sino, portokalovo a ne daj boze vo crveno brrrr.
Од: zabegan.
Датум: 01.09.2009 08:39:45
неја нарекувајте сат кула него крст-кула.Ете колку ги зачувуваме историските споменици.
Од: До глумецот
Датум: 01.09.2009 08:51:27
И во бившата држава имаше луѓе како теве кои беа поставени на погрешни места.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 01.09.2009 08:56:05
Според нив: Независна Слободна и Суверена Република Македонија ја создал Аце Великиот (упс, пак србизам...) во времето дамнешно; Илинденското Востание било насочено кон Братската Турска Војска... А по тоа...? Потоа се создале Амебите, па настапила демократијата што тие самите ја измислиле!
Од: Kuzman
Датум: 01.09.2009 09:11:42
Nikoj nema da go zaboravi Taki Daskalot i negovoto herojstvo. Neka ne panicat uplasenite od izmeni. Makedonija e mnogu poveke od 1943 i navamu, a i zosto da mora saatot da ja cuka samo taa pesna, koga mozi mnogu drugi. Ne pravete od nisto nesto, ne sirete strav i nedoverba. Podrska za inicijativata, poveke takvi lugje se potrebni so vizii i smelost da rabotaat.
Од: dr
Датум: 01.09.2009 09:24:12
neka ne ve cudi ako po nekoe vreme ja slusate bugarskata himna.bideki gradonacalnikot na bitola pred 4 god.go proslavuvase denot na bugarija vo domot na kulturata agostin mu bese veselin marinov koj peese za herojskite bitki na bugarskata vojska.vo bg vesti bese glaven nastan proslavata vo bitola. pa neka ni e na zdravje.
Од: klime
Датум: 01.09.2009 10:02:27
Па изгледа ќе пуштаат песни со Блгарски Фетфебели... тие се на власт и кај нас...
Од: gv
Датум: 01.09.2009 10:17:29
Da ne bea tie partizani ,deneska Taleski ne ce bese gradonacalnik na Bitola-Makedonski .SRAMOTA .
Од: trajce
Датум: 01.09.2009 10:23:41
uste eden filozof e rekol narod koi ne ceni svoja istorija i ne je zasluzuva pa tako i makedoncinja po mene pobitna e partizanska epopeja na makedoncite negoli ona ilindenska tito vi e prv put priznal nacija i imali ste site prava cak i povise nego sto ste zarabotili vo ta vojna tolko malo naroda i crnogorci pa ste imali svoja nacija i ste drzali 30 gen mesta vo jna a bosnjaci koi gi ima 3 pati povece od vas nista zatoa neka vam danat ovie nacionalisti tretina od tito skidam kapa
Од: egeec
Датум: 01.09.2009 11:46:52
градоначалнико чека Трентов да ја открие химната на античка Македонија....сега баш ја дешифрира....текст и музика.... а како знаеме старомакедонскиот е всушност битолскио диалект....хе,хе,хе....сигурно текстот почнува со Боже чувај ги Аце... и Коле......
Од: verag
Датум: 01.09.2009 12:17:17
Омразата на вмро- ОВЦИ кон се што е комунистичко по мене е патолошка. Да можат би ги избришале партизаните од историјата, а би го вбеличале Тодор Александров. Добро што не ја заменија песната за Таки со песна за Александров. Може уште не е дојдено времето за тоа.
Од: bitolcanec
Датум: 01.09.2009 13:30:49
Koga ke zavrsi se,ne ke moze Gospod da go sobere Vladimir Talev poradi zlodelata i kriminalite sto gi napravi kako kmet na slobodarska Bitola!
Од: saso
Датум: 01.09.2009 15:26:36
abe glumeco e dobar stvarno napravi mnogu za bitola ne mu trebat vakvi ispadi

Најди! во Утрински
Политика
Екскомандантите на ОНА ќе имаат увид во државните тајни
Македонија испрати нов специјален претставник во ЕУ
Обелоденети нови документи за случајот на Ел Масри
Османи не сака да се вози во „мерцедесот“ на Бејта
Македончињата да учат албански
Македонија на вежба на НАТО во Србија
Почит за загинатите и осуда на фашизмот
Средства за дезинфекција како превенција од грип