Македонија на вежба на НАТО во Србија 
 Македонија учествува на воена вежба на членки на НАТО и на Партнерството за мир, која вчера започна во српскиот град Ниш. Здружената медицинска вежба ќе трае до 14 септември, а учествуваат старешини и единици од вооружените сили на НАТО и земјите-членки на Партнерството за мир.
  Македонија учествува со лекар, офицер за планирање, медицински техничари и инструктори од Медицинскиот центар за обука при Службата за воено здравство. (Макфакс)
  |