Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Земјите од Балканот треба да соработуваат на енергетски план

Експертите од Македонија и Бугарија се согласни: неопходни се нови инвестиции и побрза гасификација

Маја Томиќ

Македонската и бугарската експертска јавност се со единствено мислење дека балканските земји треба заеднички да дејствуваат и да си помагаат во енергетскиот сектор поради се' поголемата потреба од енергија, од една страна, и растечкиот недостиг од енергенси во регионот, од друга страна. Тие се согласни и дека на енергетскиот сектор му се неопходни нови инвестиции и дека се потребни итни потези во гасификацијата и либерализацијата на пазарот, а гасот, како алтернатива на скапата струја, треба колку што може побрзо да се донесе во Македонија.

За да се постигнат тие цели, Македонија мора инфраструктурно побрзо да се поврзе со другите земји за да не остане енергетски изолирана, особено во услови на нејзина висока енергетска зависност. Во таа смисла, Македонија има добра можност да се приклучи на проектите кои со помош и поддршка на ЕУ се во фаза на реализирање или допрва ќе се реализираат во соседна Бугарија.

Како што истакна Соломон Паси, пратеник во бугарскиот парламент, на завчерашниот бизнис-форум во организација на Евроатлантскиот клуб и Сојузот на стопанските комори, не треба да се отфрли можноста Македонија да земе учество и во изградбата на нуклеарната централа „Белене“ во Бугарија, која почна да се гради неодамна. Ваква понуда од соседна Бугарија земјава еднаш веќе имаше пред неколку години, но ја отфрли иако, според дел од експертите, тоа беше добра можност за производство на евтина електрична енергија.

„Пред Македонија се отвораат нови хоризонти и вашите бизнисмени треба да решат кои од тие шанси ќе ги искористат. Во енергетиката има огромен терен за соработка, а клучниот предизвик од Бугарија е централата ’Белене‘. Засега Македонија стои настрана. Ако не учествува, подоцна ќе купува поскапа струја“, рече Паси.

Дали Македонија ќе се вклучи во проектот „Белене“ или не, според професор Константин Димитров, тоа е политичка одлука, а доколку се донесе позитивна одлука, земјата за 20-30 години ќе го има решено прашањето за енергетска снабденост. „Но, и да се приклучиме кон ’Белене‘, тоа ќе биде за шест или седум години“, изјави Димитров.

Целта на одржаниот бизнис-форум беше да се воспостават нови перспективи за развој на економската и енергетската соработка меѓу Македонија и Бугарија, да се разговара за модернизација на безбедносниот сектор и поврзување на висока технологија и инфраструктура меѓу двете земји, како и да се охрабрат економските активности на компаниите за инвестиции и меѓусебна соработка.


Статијата е прочитана 295 пати.

Испрати коментар

Од: енергетик
Датум: 22.09.2008 11:36:20
Ако на фотографијата добро видов и го препознав „експертот“ за енергетика Еленовски, тогаш уште повеѓе расте паниката кај мене заради нашата енергетска иднина. На чело со Чинго и Ставрески, зајакнати со Еленовски, што да ви кажувам, триото „Ла Кампанела“. Кој е Бурдуш, не е ни важно.
Од: Se slagam
Датум: 22.09.2008 14:02:22
Se slagam so energetik pogore. Pogolemi laici od Cingo i Stavre za struja nema. Duri sega ke vidite kako ke pocnat fabriki da se zatvaraat i lugje da se ispustaat od rabota. A zosto? Oti na Cingo i Stavre im teknalo deka od golemite potrosaci treba da se zbogatat. Cel svet si ja stiti industrijata a, Stavre i Cingo ja nistat. Ako, ako, barem ke se vidi koj go biva a, koj ne. So ovaa ekonomska politika, tesko da dobijat uste edni izbori.
Од: Стефан Љубљана
Датум: 22.09.2008 20:44:32
Предлогот за учество во изградбата на нуклеарната централа треба да се прифати, но ВНИМАТЕЛНО. Познавајки го Буг менталитет ке се обидат да не наседнат. Тоа може да биде со складирање на нуклеарните отпадоци, да ги праќаат на наша територија. Сло и Хр ги кршат копјата околу тоа, со нуклеарката Кршко. А нуклеарката е дефинитивно најбрз начин да фатиме приклучок како енергетски стабилни. Ако се управува внимателно нема опасност.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Циркус во Аеродром
Во бомбашки напад во Пакистан загинаа 53 лица, меѓу кои и чешкиот амбасадор
Есен
Зденко
Груевски не гледа потреба пак да се среќава со Црвенковски за името
Катица Ќулавкова избрана за потпретседател на Меѓународниот ПЕН
Градоначалникот Тодоровски упадна во Општината
Власта корени бара, а корени сече!
Знаењето е сила, знаењето е моќ
За заем од 9.000 евра сакаат да му ја земат куќата вредна 400.000 евра
Oд денеска ригорозни казни за фрлање ѓубре
Карикатура
Големиот тендер за медицинска опрема на повторен избор
Вербатим
Новиот Управен суд - неажурен!