Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Катица Ќулавкова избрана за потпретседател на Меѓународниот ПЕН

Со изборот на Ќулавкова значајно е зацврстена меѓународната позиција на Македонскиот ПЕН-центар

Македонската поетеса и теоретичарка на литературата, академик Катица Ќулавкова, на 74. конгрес на Меѓународниот ПЕН што се одржа во Богота, Колумбија, избрана е за потпретседател на Меѓународниот ПЕН. Ова е големо признание за македонската култура, бидејќи ова е првпат во историјата еден член на Македонскиот ПЕН-центар да биде избран на висока позиција во Меѓународниот ПЕН.

Ќулавкова досега два мандата беше претседател на Комитетот за превод и јазични права на Меѓународниот ПЕН, а претходно беше секретар и претседател на Македонскиот ПЕН центар. По повод изборот на оваа висока функција во меѓународна организација, академик Катица Ќулавкова изјави: „Мило ми е што во рамките на Меѓународниот ПЕН ќе ја претставувам македонската култура, јазик и литература. Ова е едновремено и признание за Македонскиот ПЕН и за работата на Комитетот за превод и јазични права во последните шест години. Исто така, ова е уште една можност за афирмација на македонската книжевност, македонската кауза и идентитет“.

На конгресот во Богота беше усвоена и резолуцијата на оваа организација за заштита на влашкиот јазик и култура, предложена од Македонскиот ПЕН и Комитетот за јазични права и преводи.

„Моќта на зборот во современото општество“ беше главна тема на конгресот во Богота, во чија работа учествуваа 120 делегации меѓу кои и делегацијата на Македонскиот ПЕН предводена од претседателот Ристо Лазаров, кој по повод изборот на Ќулавкова за потпретседател рече: „Изборот на Катица Ќулавкова за потпретседател на Македонскиот ПЕН е настан од исклучително значење за Македонскиот ПЕН, за македонската литература и култура. Во овој чин Македонскиот ПЕН гледа признание за досегашниот ангажман на Ќулавкова и на Македонскиот ПЕН, но и поддршка на оваа организација, која уште во 1992 година беше прва меѓународна организација која го призна уставното име на Република Македонија, македонскиот јазик и култура. Со изборот на Ќулавкова значајно е зацврстена меѓународната позиција на Македонскиот ПЕН центар и се отвораат нови можности за натамошна афирмација на македонскиот јазик и литература“.

Следниот конгрес на Меѓународниот ПЕН ќе се одржи во октомври идната година во Линц, Австрија. (Н.П.)


Статијата е прочитана 158 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Циркус во Аеродром
Во бомбашки напад во Пакистан загинаа 53 лица, меѓу кои и чешкиот амбасадор
Есен
Зденко
Груевски не гледа потреба пак да се среќава со Црвенковски за името
Градоначалникот Тодоровски упадна во Општината
Власта корени бара, а корени сече!
Знаењето е сила, знаењето е моќ
Земјите од Балканот треба да соработуваат на енергетски план
За заем од 9.000 евра сакаат да му ја земат куќата вредна 400.000 евра
Oд денеска ригорозни казни за фрлање ѓубре
Карикатура
Големиот тендер за медицинска опрема на повторен избор
Вербатим
Новиот Управен суд - неажурен!