Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Oд денеска ригорозни казни за фрлање ѓубре

Во вчерашната акција на Владата се исчистија диви депонии на над 200 локации во сите делови од државава

Сања Наумовска


Со организирана акција, во која учествуваа голем број граѓани, вработени во државната администрација и ученици, се исчистија диви депонии на над 200 локации во сите општини низ целата држава. Акцијата под мотото „Чиста и европска Македонија“, која ја организираше Владата, во соработка со ЗЕЛС и граѓанската организации „Ден на дрвото“, е првиот чекор во спроведувањето на Законот за јавна чистота кој беше донесен неодамна. Како што најави премиерот Никола Груевски, кој вчера собираше ѓубре во општината Центар во Скопје, од денеска секое прекршување на одредбите во законот ќе биде ригорозно казнувано. Со тоа, верува Груевски, чекор по чекор ќе се измени односот на граѓаните кон животната околина.

„Според податоците од анкетите, над 80 отсто од граѓаните ги поддржуваат новиот Закон за јавна чистота и големите казни. Од денеска ќе мора и да го почитуваат, бидејќи ќе биде казнет секој што нема да се грижи за хигиената во својот град“, истакна Груевски, кој потенцираше дека не очекува подобрување на работите преку ноќ, туку чекор по чекор со зајакнување на свеста и информираноста на граѓаните, како и со сериозна примена на законот и казните.

Покрај Општина Центар, во акцијата за чистење на дивите депонии во Скопје се вклучија и општините Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров и Аеродром. На кејот на Вардар во Карпош ѓубре собираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, а во Гази Баба чистеа градоначалникот Коце Трајановски и вицепремиерот Зоран Ставрески. Ставрески истакна дека е важно вчерашната акција да се применува секојдневно и граѓаните да не фрлаат смет на јавните површини, со цел, како што истакна, сите да живеат во подобра и почиста животна средина.

И велешани масовно се вклучија во акцијата „Чиста и европска Македонија“. Исчистени се приоритетни локации во селото Горно Оризари, станбениот комплекс УЗУС, делницата од населбата Тунел до населбата Превалец и просторот помеѓу зградата на Општина Велес - Железничката станица и индустриската зона. Во најзагрозените делови во селото Горно Оризари се чистеше градежен шут и друг комунален отпад со механизација. По завршувањето на акцијата, тој ќе биде исфрлен на депонијата за градежен шут и на депонијата за комунален отпад во Велес. Акцијата ја поздрави и опозицискиот градоначалник на Струмица, Зоран Заев.

Во акцијата „Чиста и европска Македонија“ во Кочанско се вклучија поголем број граѓани, граѓански здруженија и асоцијации, локалната самоуправа, училиштата и приватни стопанственици. Активностите се одвиваа на четири пункта, и тоа во околината на Спомен-домот АСНОМ, кај панаѓурот и на депониите кај Покатски Пат и кај село Бели. Акцијата в�� Кочани ја поддржа и министерот за правда, Михајло Маневски, кој истакна дека со неа, всушност, започнува примената на новиот Закон за јавна чистота. „Сега го промовираме законот и ги информираме граѓаните дека треба да водат сметка за комуналната хигиена, а не да го истураат сметот каде што ќе им текне“, рече Маневски.

Во Охрид организирано се чистеше отпадот на потегот од хотелот „Гранит“ до Свети Наум, клучката на влезот во Охрид и потегот до селото Подмоле, како и патот кон Буково на патникот правец кон Битола. Со механизација се чистат и дивите депонии на градежен шут над Билјанини Извори кон селото Велестово, како и дивите депонии кон селата Долно Коњско и Старо Коњско. Акцијата во Охрид ја поддржа и министерот за финансии, Трајко Славески.

Над 500 тони комунален отпад и градежен шут беа исчистени на вчерашната акција во Гостивар. Чистеа граѓани на гостиварската населба Циглана и на селските населби Равен, Вруток, Чегране и Балиндол. Учесниците во акцијата ги посети Бујар Османи, министер за здравство, кој истакна дека на овој начин ќе се влијае на менувањето на свеста на населението, а со тоа во иднина нашата животна средина и околина да бидат почисти и поуредени. Граѓаните да го фрлаат отпадот во канти за отпадоци, а не каде што ќе им текне и каде што ќе стигнат.

Иако првично најавено на четири пункта, еколошката акција во Битола се спроведе на 40-ина локации во градот, приградските населби и сите општински училишта. „Одѕивот е одличен. Иако со Владата се договоривме за четири пункта, сепак, акцијата се спроведува на четириесетина места во градот и приградските населби, во училиштата и градинките и мислам дека подготвени го дочекуваме новиот закон со кој и ќе казнуваме“, рече битолскиот градоначалник Владимир Талески.


Статијата е прочитана 1123 пати.

Испрати коментар

Од: lenin
Датум: 22.09.2008 03:18:16
Zakonot za javna cistota e dobar samo treba da se pocituva.ne bi bilo locho sekade niz opchtinite ili barem vo nekoj opchtini da ima otvoreno mesto kade graganite ce mozat da ostavaat gubre i za toa da si platat.Dosta gubre ostavaat po ulicite na Skopje i lugeto chto ziveat vo okolnite sela.
Од: struzanecamerikanec
Датум: 22.09.2008 09:13:22
vreme bese da se napravi vakvonesto.se nadevam deka i vo struga ke se primenuva.mesnosta megu stariot pat inoviot pat kaj evro hotel go napravija gubriste se nadevam deka i tuka ke senapravi nesto.gradonacalnikot merko da imase zemja tamu nemase toa da go dozvoli no tuka imaat drugi pa komu mu e gayle ,zemja od prv kvalitet go napraviya deponija sram da im e na site,koga ke sevratam nazad ke gi tuzam site od gradot do drzavata pa neka se raspravaat so advokatiteikoga toga ke treba poveke pari da se trosat.200 metra od ezeroto,sram da im e nasite
Од: chistopatilec
Датум: 22.09.2008 10:05:52
abe seto e toa ok samo nema uslovi za takva rabota, najdobro e (oti ovie som resile so kazni i taka ke bide, kazni ke letat sigurno oti samo vo vrska so kaznite nema otstapuvanja) sekoj po edna kantichka vo raka i koa ke si imas da si frlis nesto ke imas kade oti ako baras kanta za otpadoci ke treba baagi da izodis i ne e sigurno dali ke najdis, za toa gubreto v djeb i pravo doma.
Од: nekoj
Датум: 22.09.2008 10:38:01
E ova stvarno trebase, samo se nadevam deka svesta na narodot (mislam za site bez razlika na vero ispovest) ke proraboti i vo idnina ce ja pocituva SVOJATA zjivotna sredina.
Од: sweet
Датум: 22.09.2008 11:54:58
aj da vidime kolku ke se sproveduva zakonot eve pocnaja drvata da stignuvaat minatata godina cela zima drvata si bea na turisticka vo Ohrid kade sto pominuva ama bas sekoj za da vleze vo Ohrid i nikomu nisto pa da vidime sega so zakonov dali ke bidi taka ili ke se prezemi nesto e togas ke veruvam a sega .....
Од: leleoh
Датум: 22.09.2008 12:49:38
Go poddrzuvam zakonot i veruvam deka ke funkcionira.Koga se raboti za djebot-boli! Samo ,sega treba da se postavat kanti za otpadok ne sekoj 'cekor' a ne edna vo cel grad.
Од: evropa
Датум: 22.09.2008 12:58:58
Se prasuvam samo zosto vo evropa nema vakvi zakoni?pa vamu e isto prljavo kako vo mak,zosto mak ne gi usoglasuva zakonite so EU?neli toa bese prvoto sto go storija novite drzavi od istocna Ev,zosto vladata celo vreme go laze narodot site uslovi gi ispolnile?eden germanski politicar uste pred 10g im rece na mak.ski politicari treba da otvarate novi rabotni mesta a toa ne znaci deka eden na drug ce naplacate da mocate i kazni za frlanje livcinja tuku rabotni mesta vo proizvodstvo no vladata tokmu otvara rabotni mesta za naplacenje eden na drug za mocanje i za frlanje livcinja.....vaka vo Ev nikogas.
Од: verag
Датум: 22.09.2008 13:40:59
Според анкетата излегува дека само 20% од граѓаните го прават целиот неред и нечистотиј. Без казна не можат да се научат на ред,но сепак казните не можат да бидат европски со вакви ниски плати.Кога ги преавт заоните,не мора баш се да препишат од земјите на ЕУ,треба нешто да прилагодат за наши услови. А за забрана за ајвар,сепак е претерано- важно е да не се остава неред после работата,што и не се случува .Кога веќе власта е толку за традиција( ќе потрошат милиони евра повеќе за двоспратни автобуси) зашто не ја пошитува нашата традиција за правење ајвар.Груевски,оваа забрана ќе ти однесе многу бирачи, џабе ти е лопатата!
Од: Viktor Soposki,Tetovo
Датум: 22.09.2008 16:45:21
Pocituvani! Kade ke se primenuvaat tie kazneni odredbi.
Од: Biljana do samonareceniot "EVROPA"
Датум: 22.09.2008 22:01:27
Se cudam na prokletilokot makedonski. Seogas da se komentiralo vo negativna smisla za se sto se slucuva vo MKD. Toa klucot na nasata mizerija. Evropa ja imam uzdusipopreku prosetano i higienata e na pristojno nivo. Vo MKD higiena na javnite mesta recisi i ne postoi. Fakt e deka Evropa e ponecista od Severna Amerika, no vo sekoj slucaj treba da ja zememe kako reper. Boli faktot sto higienata vo makedonskite domovi e na najvisoko nivo i sporedena so higienata na evropskite i americkite domovi e besprekorna..., no problemot e vo javnite povrsini.....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Циркус во Аеродром
Во бомбашки напад во Пакистан загинаа 53 лица, меѓу кои и чешкиот амбасадор
Есен
Зденко
Груевски не гледа потреба пак да се среќава со Црвенковски за името
Катица Ќулавкова избрана за потпретседател на Меѓународниот ПЕН
Градоначалникот Тодоровски упадна во Општината
Власта корени бара, а корени сече!
Знаењето е сила, знаењето е моќ
Земјите од Балканот треба да соработуваат на енергетски план
За заем од 9.000 евра сакаат да му ја земат куќата вредна 400.000 евра
Карикатура
Големиот тендер за медицинска опрема на повторен избор
Вербатим
Новиот Управен суд - неажурен!