|
Македонски состоjби
Власта корени бара, а корени сече!
Манчо Митевски
Колку им значат националните доблести на владејачката партија и на нејзиниот лидер Владата и владејачката партија владеат на крилјата на патриотизмот и на борбата за македонскиот јазик, култура, црква, традиција или се' заедно - за македонскиот национален идентитет. Ова беше еден од крунските елементи за убедливата победа на предвремените избори и за постојано високиот рејтинг (името, достоинството и идентитетот на народот). Но, практиката и некои мали, но и големи нешта, покажуваат дека на Владата, на владејачката партија и на нивниот лидер, освен за пропагандни и рејтинг цели, овие национални доблести како да не им значат којзнае колку!
Деновиве Македонија беше домаќин на можеби најголемиот научен собир одржан во земјата во досегашната нејзина историја според бројот на учесниците и според значењето на дебатата. Во Охрид, колепката на словенската и на македонската писменост, култура, образование и црква, значи колепката на идентитетот, се собраа 700 слависти од целиот свет на својот 14. Конгрес кој, додека се сврти кругот по другите десетина земји и ако се' остане како што е сега, следниот пат во Македонија треба да се очекува некаде по педесетина години!
И додека странските слависти, од кои дел беа потесно специјализирани македонисти, се одушевуваа од македонскиот јазик и вредностите што се базирани врз него - народната традиција и уметничката продукција, актуелната власт, освен претседателот на Републиката, кој го отвори Конгресот, со ништо не го удостои овој светски настан. На Конгресот ги немаше, ниту со свое присуство, ниту на кој било друг начин, ни премиерот, ни министерката за култура, ни министерот за образование и наука...
Актуелната владејачка структура во овој поглед како да нема јасна стратегија или, пак, како да ги измешала стратегиските приоритети, па произведува конфузија и ги дезориентира луѓето. Имено, како главен аргумент против компромисот околу името за меѓународна употреба, уставното име не е спорно, се пласира тезата дека ако прифатиме некоја географска додавка (Северна или Горна Македонија, што е актуелна реалност и државата Република Македонија се протега на тој дел од територијата на античка Македонија), тогаш ќе ни биде оспорено користењето на термините македонски јазик, македонска култура, македонски идентитет. Значи, додека, од една страна, власта се декларира дека се бори за историскиот континуитет, за јазикот, за идентитетот, од друга страна, не ги есапи базичните, словенски елементи врз кои се поставени поголем дел од тие национални темелници. Дури, поттикнува и тези и теории преку кои се сака да се докаже дека актуелниот македонски јазик има многу сличности и корени со јазикот на античка Македонија.
Поедноставно кажано, се бараат корени во некои далечни времиња што, иако има некоја логика, сепак, во најмала рака се дискутабилни, или поточно во својата основа се повеќе универзални, припаѓаат на повеќе наследници и создаваат конфликти, а не сакаат да се видат, односно се сечат корените кои се неоспорни, претставуваат животна реалност, бидејќи секојдневно се комуницира со нив, се гледаат со очи, се изговараат со уста и се резонираат со умот. Ова претставува опасно трансформирање на стварноста и на стратегиските цели и приоритети, бидејќи ако се напушти оваа почва на македонските корени, тогаш ќе се создадат услови за уште поголеми претензии врз нашиот идентитет, јазик, култура, црква и историја, покрај актуелните од југ - и од исток, а можеби и од север. Или, не дај боже, станува збор за некоја тајна стратегија и агенда, во што не сакам да верувам.
Да не излезе случајно актуелна мислата што за вакви прилики ја кажал народниот мудрец: подобро врапче во рака отколку славеј на гранка!
|
|
Статијата е прочитана 1304 пати. |
|
|
|
|
|
Од: maximus |
Датум: 22.09.2008 00:20:28 |
|
Ne vladeat na nikakvi krilja,tuku se izbor i zelba na narodot i gragjanite vo Makedonija.Toj izbor se temeli na stravot od garniturata na B.C. i pustosot sto go napravi za vreme na dolgogodisnoto vladeenje.Ne e sporno deka nitu segasnava gar- nitura ne e sovrsena, no mnozinstvoto gragjani i veruvaat ,imaat verba i nadez vo nea.Pa zarem patriotizmot e losa osobina?
|
|
|
|
|
|
|
Од: usa |
Датум: 22.09.2008 03:55:30 |
|
tocno deka se izbrani od narodot ama sto srabotija za narodot mizerija ziva kade i da se procita vo provladinite vesnici sdsm vladeel 17 godini da ne i bugarskiot graganin ljubco od sdsm |
|
|
|
|
|
|
Од: OF LELE |
Датум: 22.09.2008 04:56:10 |
|
Po prv pat, da procitam nesto racionalno. Tocno, koi sme nie ;Deca na Aleksandar, il Deca na Slavjaninot. Dodeka ne ja razjasnime ovaa licna konfuzija, ne treba da imame ime.Sakame; Anticko Ime, a imame slavjanska kultura i slavjanski jazik.Paradox nad site paradoxi. I sega se cudime sto nikoj ne moze ,da ne razbere. Grcite ni velat ,da sme slavopeji.Srbite, da sme Srbi, Bugarite da sme Bugari. Ako sme Slavjani, nase pravo ime je Juzni Slavjani-Jugosluveni.Eee Togas ,i Grcite ce ne razbraa, i Srbite, i Bugarite. Ama nije sakame da Bideme; i Lubenica i Dina, Toa tie LUBENDINA. |
|
|
|
|
|
|
Од: ma-ri |
Датум: 22.09.2008 09:34:33 |
|
Навистина им дишете на позицијата во врат(изјава на Заев на вонредниот конгрес) но само им дишете изгледа за долго.Што сакате да го продолшат ликот и делото на Киро Глигоров,нели тој вели ние ништо немаме со античките Македонци,ние сме некојси дојденци од задкарпатите и сме го земале името Македонци???затоа ни го даде името БЈРМ,од кое никако да се ослободиме !!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: koine |
Датум: 22.09.2008 10:29:43 |
|
Za maximus{baremda izberese nekoj psevdonim na jazikot so koj zboruvale Filip,Aleksandar i drugite anticki makedonci?!}Gospodine,ako si voopsto toa,za tvoeto vemere {zaedno so uste 22 pajton-partii}glasaa 480 iljadi sto zivi,sto mrtvi,sto odamna zaminati makedonski gragani.Sto stanuva so stavovite i interesite na ostanatite 1 milion i 200 iljadi registrirani izbiraci.Zatoa vi baraat "politicki dijalog"!Zatoa vi baraat departizacija!Zatoa,sto e katastrofalno,Makedonija odi vo bezdna,bez prijateli,megjunarodno izolirana.Zatoa,dragi moj,treba ednas za navek da ve snema od makedonskite zemji,bidejki poveke od sto godini go vrtite makedonskiot brod kon burite i ne mu davate da vplovi vo mirni i spokojni vodi.Toa ne moze da se narece nikako poinaku osven-PREDAVSTVO. |
|
|
|
|
|
|
Од: Bastion Prilep |
Датум: 22.09.2008 10:58:49 |
|
Gospodine Манчо Митевски pa zar ne mozite da svatite deka vasiot premier Nikola Gruevski nema vreme da se zanimava so vakvi raboti,bidejki toj se smeta za pravnuk na Alexandar & Filip Makedonski,toj go slavi nivnoto ime i minato,a ne zboruva na nivniot jazik,tuku na jazikot na Kiril I Metodij i pismoto na Kliment i Naum.Ete taka Gospodine Манчо Митевски,nasiot premier namesto da gi slavi Slovenskite Prosvetiteli,i preku NIV da dikazuva vo EU i cel svet koi sme i sto sme,toj zboruva za Alexandar,za Filip,za virgina,pa duri i za Bukefal !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: zike,ist. |
Датум: 22.09.2008 13:11:07 |
|
Ova vlada ja nosi mak vo idnina bez idnina,logika name vo antickoto ili ima.....t.e. da ja rasturi mak t.e. bugarofili go lazat narodot demek e anticki naslednik a cel svet znae deka sme sloveni dojdeni 7.vek sto ce go stavi narodot so tek na vreme (ucebnicite se isto iskriveni t.e. falsifikat) da e vo konfuzija da nezmae sto e pa da se bara spasitel n.p. bugarite se mi mirisa na takov vmro ako e taka neka se izjasnat uste sega da ne gubime vreme podobri velika bug odosto velika albanija i pokraj toa sto nesme bugari i ne go razbirame celosno toj jazik no ako neznaeme da se organizirame kako nacija druga alternativa nemame tuku da se podelime kako ovci;na bug,srb,alb. |
|
|
|
|
|
|
Од: Joker |
Датум: 22.09.2008 14:22:51 |
|
Haos i samo haos, nisto drugo. Koga ke dojde sega Branko za "glaven opozicoiner" ke imame uste pogolem haos. VMRO-ovcite koga podobro ke poglednete gi stitat site bivsi SDSM-ovski lopovi od koj sega i mladite SDSM-ovci se sramat, pa duri i se izvinuvaat, a koga ke dojde Bane ,samo ke si se dogovorat so Grujo (citaj Latas, t.e Zingo) i ke si pocnat po staro kako vo 1994. Narodot samo mirno ke si gleda kako povtorno go kradat. |
|
|
|
|
|