Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Големиот тендер за медицинска опрема на повторен избор

Министерството за здравство згрешило со оценувањето на понудите за медицинска опрема

Јасмина Јовановска


Владата го искара Министерството за здравство дека направило погрешна процена при изборот на најповолна фирма за купување на два вида апарати од големиот тендер за медицинска опрема. Затоа, Министерството за здравство ќе треба по втор пат да одлучува од кои фирми ќе ги купи петте ангиографи и биохемиската лабораториска опрема. Вака, како што дознаваме решила владината Второстепена комисија, по двомесечно натегање и разгледување на жалбите на фирмите за изборот направен во јуни, кога од големиот тендер со кои се бараа 14 групи апарати, едвај беа избрани само три: ангиографите, рендген-апаратите и за биохемиската лабораториска опрема.

Според известувањата доставени до учесниците на тендерот, владината комисија се одлучила да се поништи првичниот избор на Министерството за здравство, бидејќи констатирала дека комисијата во Министерството погрешно ги оценила понудите на фирмите-учеснички и при изборот извршила погрешна примена на критериумите за најповолен понудувач. Тендерската комисија е задолжена за 15 дена да го направи изборот на најповолниот понудувач за овие две групи апарати со оценување на понудите со бодирање. Владината комисија нема забелешки за изборот на фирмата од која ќе се набават рендген-апаратите, така што останува дека најповолен понудувач, според неофицијални извори, е германската фирма „Шиматсу“.

Враќањето на тендерот на повторен избор значи уште едно пролонгирање на оваа голема набавка за јавното здравство, која се влече повеќе од една година. Доколку се оди со ова темпо со реализацијата на тендерот, првите апарати, според неофицијални извори, може да се очекуваат дури в година. Дотогаш пациентите се' уште ќе се прегледуваат на стари апарати, кои не се сигурни ниту за дијагноза, ниту пак во однос на нивото на зрачење.

Во Министерството за здравство и во Владата не беа расположени за објаснување околу враќањето на тендерот во прва фаза. Во Владата беа зафатени со состаноци, а во Министерството за здравство не' оставија без одговор. А, дека ќе се прави повторен избор на апаратурата доволно покажува и тоа што во Министерството за здравство, како што дознаваме, во петокот повторно бил повикан експертот од Белград да даде уште едно техничко мислење за понудените апарати. Доброупатени извори велат дека е многу чудно што рендгенологот од Србија се повикува за техничка оцена кога таа еднаш е дадена.

До Второстепената комисија, како што дознаваме, се жалеле три фирми зашто се неправилно дисквалификувани и тоа едни од учество на тендерот, како „Генерал електрикс“, а други при изборот како „Сименс“, „Симед“... Првите фирми се жалеа дека отпаднале од тендерот зашто не стасале да ги соберат сите документи бидејќи, како што велат доброинформирани извори, комисијата во Министерството за здравство ја менувала спецификацијата само два дена пред отворање на понудите.

Другите фирми, пак, реагирале дека, иако стасале до отворање на понудите, биле неправедно исфрлени од изборот, бидејќи за Министерството за здравство сертификатот за квалитет ЦЕ не бил исто што и ЕЦ- сертификат, кој го поседувале фирмите, иако Бирото за лекови, сепак, потврдило дека ЦЕ и ЕЦ е ист сертификат. Ова се однесувало за ангиографите, за кои за најповолна понуда била избрана фирмата „Шиматсу“ со околу 3,9 милиони евра. За овој лот се бореле и „Филипс“, кој понудил околу 4,3 милиони евра, и „Сименс“ со 2,9 милиони евра, кој отпаднал бидејќи немал ЦЕ- сертификат, туку ЕЦ- сертификат за квалитет.

 


Статијата е прочитана 431 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 22.09.2008 03:13:40
... Mnogumina sega trujat race... ubavo ke se ofajdat... a zdravjeto na narodot... koj go sisa narodot... SEGA MU E MAJKATA... Prerodbata ja utnaa...
Од: Dragan
Датум: 22.09.2008 19:47:29
Vo Univerzitetska bolnica vo Toronto.Kanada Site rentgen aparati se od prozivodstvo na Siemens ili Philips. Ne gi kupuvaat nitu nivnite General Electric,a kamoli Shimadzu , tie se vtora klasa proizvoditeli.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Циркус во Аеродром
Во бомбашки напад во Пакистан загинаа 53 лица, меѓу кои и чешкиот амбасадор
Есен
Зденко
Груевски не гледа потреба пак да се среќава со Црвенковски за името
Катица Ќулавкова избрана за потпретседател на Меѓународниот ПЕН
Градоначалникот Тодоровски упадна во Општината
Власта корени бара, а корени сече!
Знаењето е сила, знаењето е моќ
Земјите од Балканот треба да соработуваат на енергетски план
За заем од 9.000 евра сакаат да му ја земат куќата вредна 400.000 евра
Oд денеска ригорозни казни за фрлање ѓубре
Карикатура
Вербатим
Новиот Управен суд - неажурен!