Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Животна хаварија на Бил Џонсон

По типичната приказна за успехот и безвременската слава, судбината грубо си поигра со американскиот скијач

Се сеќавате ли на Бил Џонсон, сензационалниот победник во спуст на Зимските олимписки игри во Сараево во 1984 година? Условно речено, падна од Марс (иако првата сензација ја предизвика еден месец порано, победувајќи во Венген), на тренинзите на Бјелашница најави чудо, а подоцна на трката и го оствари. Олимписки победник! Нешто што во Америка, можеби и единствено што се признава во спортот. Поради повреда и послаби резултати, беше исфрлен од американската репрезентација, па немаше можност да го брани златото во Калгари во 1988 година. Сепак, се' уште беше ѕвезда.

Животната приказна на Бил Џонсон има многу помалку сјај од неговиот злататен медал. Како спортска ѕвезда лесно му беше да ја заведе мис на Ајдахо, а подоцна и да ја ожени. Беа типична двојка од американските успешни приказни. Но, трагедијата дојде набргу. Синот му се удави играјќи си во џакузито пред куќата, имаше 13 месеци. Се' се заврте наопаку, семејството се распадна, сопругата го напушти својот олимписки победник, кој во меѓувреме стана голем губитник.

Бил Џонсон беше на работ, па во силен очај им се врати на скиите. Во 2000 година, 40-годишниот Џонсон се појави на квалификациите за Олимписките игри во 2002 година во Солт Лејк Сити. Голема желба, а нозете не слушаат, падна и заврши во инвалидска количка. Долгогодишните вежби го оспособија за од, не е веќе инвалид.

Организаторите на спектаклот во Сараево во чест на 25- годишнината од ЗОИ се потрудија да ја пронајдат ѕвездата на игрите од 1984 година. И успеаја во тоа. И натаму живее во Ајдахо, во куќа на тркала, во беда, без пари.

„Дали сакам да дојдам во Сараево на 25- годишнината? Секако дека сакам, но моментално немам пари. А, немам ниту кредитни картички...

Немаше проблеми, Џонсон в петок ќе им се приклучи на ѕвездите во Сара��во, каде што во дводневниот спектакл во паралел-слалом ќе се натпреваруваат Франц Кламер, Кјетил Андре Омод, Ласе Кјус, Ханс Ен, Бојан Крижај, Борис Стрел, Ханс Петер Бурас, Алберто Томба, Матеја Свет и освојувачот на единствениот ЈУ-медал во Сараево во 1984 година, Јуре Франко (сребро во велеслалом). Повеќе од 500 подиуми во светскиот куп.


Статијата е прочитана 435 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Победа на Грегор Шлирензауер во Енгелберг
По пет години Костелиќ повторно најдобар во слалом
Милан го понижи Удинезе, Јувентус остана зад петиците на Интер
Бостон го израмни клупскиот рекорд од 1981/82
ЕХФ- ЕП во Македонија „возбудливо и единствено“
Великаните нема да бидат заборавени
Фудбалски вести