Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

ЕХФ: ЕП во Македонија „возбудливо и единствено“

Европската ракометна федерација го нарече „возбудливо и единствено“ Европското првенство за ракометарки што се одржа во Македонија од 2 до 14 декември. Во писмото до Ракометната федерација на Македонија, очигледно погрешно датирано на 17 ноември, ЕХФ изразува благодарност за сите што беа вклучени во организацијата за надминувањето на „тешкиот период на подготовки и многуте пречки“.

„Позитивните повратни реакции од учесниците покажуваат дека не само врвното спортско ниво на овој настан, туку и вашето гостопримство е препознаено и високо ценето и од меѓународната спортска јавност во целина и посебно од европското ракометно семејство“, стои во дописот од ЕХФ до РФМ, во кој уште се додава дека во јануари 2009 ќе бидат расчистени сите прашања поврзани со финансиите, а произлезени од договорот меѓу ЕХФ и РФМ за организација на ЕП 2008.

Од ЕХФ и веста за ненадејната смрт на 33-годишната Шан Роуленд. Таа беше надлежна за комуникации во Федерацијата и ја надгледуваше работата на прес-центарот во Скопје за време на ЕП.


Статијата е прочитана 587 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Победа на Грегор Шлирензауер во Енгелберг
По пет години Костелиќ повторно најдобар во слалом
Милан го понижи Удинезе, Јувентус остана зад петиците на Интер
Бостон го израмни клупскиот рекорд од 1981/82
Великаните нема да бидат заборавени
Фудбалски вести
Животна хаварија на Бил Џонсон