Бостон го израмни клупскиот рекорд од 1981/82
Со триумфот на гости кај Њујорк со 124:105 кошаркарите на Бостон го израмнија клупскиот рекорд од сезоната 1981/82 од 18 победи во низа. Во мечот со „никси“ добра партија прикажа Рондо кој оствари 26 поени, шест скока и пет асистенции. Бостон сега има 26 победи и само два пораза во НБА лигата во оваа сезона, скор каков што имаа и екипите на Њујорк во сезоната 1969/90 и Филаделфија во сезоната 1966/67. Покрај Рондо кај „селтикси“ се издвои и Пол Пирс со 17 коша и пет асистенции, прв срелец во домашниот тим беше ветеранот Нејт Робинсон со 23 поени.
Оклахома никако да излезе од играчката и резултатска криза. Тандерси кои се најслаб тим во лигата сезонава со само две победи загуби од Кливленд со 102:91 иако во своите редови ги имаа расположените Расел Вестбрук кој забележа 24 коша, шест скока и 11 асистенции и Кевин Дурант кој оствари 26 коша и пет скока. Но, кавалирси не дозволија изненадување и на крилјата на Морис Вилијамс (20 поени, 5 пет скока) и Леброн Џејмс (31 кош и 7 асистенции) ја прославија јубилејната 10. победа сезонава на гостински терен.
По солидната прва четвртина играчите на Атланта покажаа заби во продолжението и благодарение на Мајк Биби славеа над Детроит со 85:78. Најефикасни кај пистонси беа Родни Стаки со 20 коша и девет скока и Рашид Валас со 20 поени и пет скока.
Резултати: Атланта - Детроит 85:78, Бостон - Њујорк 124:105, Вашингтон - Далас 86:97, Оклахома - Кливленд 91:102. |