По пет години Костелиќ повторно најдобар во слалом
Само еден ден откако изјави дека никогаш ниту на сон не помислил дека ќе се искачи на подиумот во велеслалом (беше втор) хрватскиот скијач Ивица Костелиќ вчера славеше во вториот слалом сезонава во Алта Бадија (одложениот од минатиот викенд во Вал ди Зер).
Цели пет години чекаше Костелиќ на победа во најтехничката дисциплина и ја дочека. Уште по првата трка Хрватот навести дека на оваа патека ќе нема конкуренција. Успешно ги избегна замките кои исфрлија неколку добри слаломаши. Ивица ја заврши првата трка со 53 стотинки пред Жан Баптист Гранж и 57 пред Бенјамин Рајх. Тој редослед остана и по втората трка. Ивица, кому ова му е 24 подиум во кариерата, не извозе така совршено како во првата трка, но му беше доволно за да биде 20 стотинки пред Гранж. Рајх беше уште послаб и на крајот заостана 80 стотинки.
Резултати
1. Ивица Костелиќ (Хрв) 1:39,83
2. Жан Баптист Гранж (Фра) +0,20
3. Бенјамин Рајх (Авс) +0,80 |