Победа на Грегор Шлирензауер во Енгелберг
Австрискиот скокач Грегор Шлирензауер е победник на натпреварувањето за Светскиот куп што се одржа во швајцарскиот Енгелберг. Австриецот славеше со скокови од 133,5 и 133,5 метри пред својот сонародник Волфанг Лоицл (132,5 и 133 метри), додека на третото место доскока Швајцарецот Симон Аман со скокови од 131,5 и 136 метри.
Во генералниот пласман води Симон Аман со 585 бода пред Грегор Шлирензауер со 510, трет е Австриецот Волфанг Лоицл со 359, Финецот Вил Ларинто е четврти со 271, а минатогодишниот победник во Светскиот куп, Австриецот Томас Моргенштерн е петти со 250 бода. |