Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Почина Јорн Узон, архитектот на Сиднејската опера

Данскиот архитект Јорн Узон, автор на светски познатата Сиднејска опера, за која ја доби и престижната награда „Прикер“, почина во 91-та година од животот.

Сиднејската опера ќе му оддаде почест на Узон со придушување на светилките на нејзиниот познат покрив, а нејзините претставници му изразија благодарност и со изјавата дека беше архитектонски и креативен гениј кој на Австралија и на светот им даде голем подарок.

Данската министерка за култура Карина Кристенсен истакна дека Узон бил запамтен како еден од Данците кој во 20 век со својот голем талент ја ставиле својата земја на светската мапа. Иако има осмислено неколку значајни згради во Данска, како и зградата на кувајскиот парламент, сепак, тој ќе остане запамтен по оригиналното решение на зградата на Сиднејската опера, која е градена од 1957 до 1973 година, а му припаѓа на модерниот експресионистички стил.

Интересно е дека иако тоа му беше животно дело, сепак, Узон никогаш не ја посетил Сиднејската опера во нејзината завршна фаза поради судирот со австралискиот клиент околу десет пати поголемите трошоци. И со децении подоцна одбивал да оди во Австралија, иако со синот ќе го направат и новото крило на зградата во 2006 година. Инаку, Узон е добитник на повеќе меѓународни награди, вклучувајќи го и медалот „Алвар алто“ за архитектура и француската „Легија на честа“.


Статијата е прочитана 194 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Златна пирамида“ за шпанскиот „Враќање во Хансала“
„Златна лира“ се отвора со концерт на дуото Гелебешеви
Досадна премиера
Читатели ќе промовираат нов роман во „Матица“
Во потрага по класичните вредности