Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Почнува вистинската борба за вториот круг

Во првиот настап на ЕП во ракомет нашата репрезентација загуби од Германија со 22:25

Web Update

22:45 02.12 - Македонската женска ракометна селекција вечерва во премиерниот натпревар на 8-то Европско првенство, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, загуби од Германија со 22:25.

Во поголемиот дел од натпреварот Македонија држеше резултатски приклучок со германската селекција. Полувремето заврши со водство на Германките од 11:10. Македонските ракометарки на почетокот на вториот дел изедначија 11:11, а потоа и поведоа со 13:12, но по серијата од 5:1 германската репрезентација направи предност што остана недостижна за селекцијата на Македонија. Најпрецизни во македонскиот тим беа Портјанко со осум и Тодоровска со шест гола, а кај Германките Краузе со 11 погодоци.

Македонија и Германија се во групата Д заедно со Хрватска и Србија кои претходно во натпреварот со кој стартуваше Европското првенство одиграа 30:26. (МИА)

Текст од печатеното издание:

Роберт Димитриевски

Вистинската борба за пробив во вториот круг на 8. Европско првенство за ракометарки домаќинот Македонија ќе ја започне утре со дуелот со Хрватска од 20,15 ч. во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Според општото уверување во македонскиот табор, тоа ќе биде првата од двете меч-топки (втората е средбата со Србија в сабота) за пласман меѓу трите првопласирани во групата Д што ќе ги продолжат натпреварите во групата 1 од втората фаза, која се вкрстува со прелиминарната група Ц.

„Хрватска е одлична репрезентација, со која добро се познаваме. Почнувајќи од ланското Светско првенство во Франција, па преку двата контролни натпревара во Македонија, возвратниот двомеч во Хрватска пред неколку месеци и меѓусебниот дуел на турнирот во Унгарија пред десет дена, со Хрватките одигравме и повеќе од доволно мечеви за една година. Станува збор за надежна селекција, но ние сме домаќини на првенството и на своја страна ќе ја имаме публиката, која се надевам дека ќе не' одведе до успехот“, вели македонскиот селектор Владимир Глигоров.

Капитенот Наталија Тодоровска и буквално од лично искуство знае за какви играчи станува збор, бидејќи веќе трета сезона го носи дресот на Подравка, која на ова ЕП е претставена од шест репрезентативки на Хрватска - голманката Ивана Јелчиќ, левото крило Маја Зебиќ, десното крило Анита Гаќе, средниот бек Миранда Татари и левите бекови Андреа Пенезиќ и Кристина Франиќ. Токму Пенезиќ со 12 гола беше најефикасна во последниот меѓусебен дуел ��а „Панон куп“ во предминатиот викенд, кој Хрватска го доби со убедливи 37:27, но на полувремето беше само 17:16 за нив. Ова ќе биде прв „судир“ на двете ексјугословенски републики на еврошампионатите, а минатиот декември беше 28:28 во последното коло од вториот круг во Мец на СП во Франција.

„Секогаш е тешко да се игра против домаќинот, независно дали во првото, во второто или во третото коло. Македонија е во предност поради тоа што игра на домашен терен и сигурно нејзините навивачи ќе и' бидат од голема помош. Наша задача ќе биде да не потклекнеме на атмосферата. Ако успееме да се справиме со домашната публика, ќе победиме“, порачува левиот бек на дански Киф Вејен, Маида Арсланагиќ. „Одигравме многу натпревари со Македонија во подготвителниот период и победивме во сите, па не гледам причина зошто не би го повториле тоа и во Скопје“.

Хрватска на ЕП во Македонија се пласира како подобра во баражот со Црна Гора, од која загуби во Подгорица со 40:35, но во реваншот во Кутина победи со 31:23. Најголем успех на европските првенства и' е петтото место во Германија 1994, а две години подоцна во Данска беше шеста, пласман што го оствари и на СП 1997. Следува период на неуспеси во квалификациите до 2003 и СП на кое беше домаќин, но каде што го освои разочарувачкото 14 место. Подемот на Хрватките почнува пред две години со седмото место на ЕП во Шведска, а лани во Франција беа деветти во светот.

Денеска на ЕП

Група А (Скопје): Унгарија - Романија (18,15 ч.), Франција - Данска (20,15 ч.).

Група Б (Охрид): Португалија - Украина (17,15 ч.), Норвешка - Шпанија (19,15 ч.).

Благодарност од ЕХФ до РФМ и до Владата

Потпретседателот Жан Брио, одговорен за европските првенства, во име на Европската ракометна федерација јавно и' се заблагодари на Ракометната федерација на Македонија „за соработката и за поддршката“, а посебно ја нагласи поддршката на премиерот Никола Груевски и на неговата Влада. На првата прес-конференција пред почетокот на шампионатот в.д. претседателот на РФМ, Михајло Михајловски, возврати со изрази на задоволство за укажаната доверба од ЕХФ за организацијата на ЕП во Македонија и потврди дека домаќинот е подготвен за предизвикот.

Повеќе од 50 телевизии ќе вршат директни преноси, а од најголемиот женски ракометен настан годинава во Европа ќе известуваат над 500 новинари. Се очекува кумулативната гледаност на целото првенство да достигне 1,5 милијарда гледачи.


Статијата е прочитана 540 пати.

Испрати коментар

Од: A
Датум: 03.12.2008 00:56:34
Нема статија эа првите впечатоци на Данските ракометарки эа Скопје? Конечно некој ја обелодени реалноста бидејќи времето иэгледа како да эастанало во државата пред 20 години. Брррррр.
Од: влатко македонски
Датум: 03.12.2008 11:25:03
До безимена што се претставува како А. Абе комуњари и тука ли ќе плукате па вас изгледа ви смета цела МАКЕДОНИЈА
Од: Aleksandar
Датум: 03.12.2008 12:11:30
Smetam deka ne treba da barame odma krv za pitacite,tova e realnosta za zal vo Mak.Mozeme da kazuvame deka ne biva za reklama da napravime,no sepak treba da priznaeme.Blagodarnost do trifun,Vladata i RFM,ubavo e koga sme del i nie od svetot.
Од: polatski
Датум: 03.12.2008 12:15:02
Mosne losa organizacija. Nikade nemase info deka cenite ke bidat 600 denari na denot na mecot. Premnogu policajci. Premnogu. Toaletite treba d gi cistat vo salata i za vreme na natprevarot. Nema lugje od organizatorite niz hodnicite. Nekoj bi sakal da prasa nesto mozebi. Ima samo privatni firmi koi se obezbeduvaci. I policajci obezbeduvaci. Strasno izgleda. Koga kupuvate bilet ne vi izdavaat fiskalna smetka. Na biletot ne pisuva kolku mu e cenata. Nema bankomat vo blizina. Na biletoto pisuva For macedonian citizen only, a na pozadinata na biletoto tekst na angliski. KAKAFONIJA SRAMOTA DANOCNA- NAPADNETE GO EVROPSKOTO PRVENSTVO, ORGANIZTORITE, HAOS

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Бостон покажа кој е газда на Истокот
Првостепената комисија го одби Атанас Костовски
Нацева- Нашата шанса се вика Хрватска
Акопјан нема да седи на клупата
Пелистер се заканува со бојкот на првенството
„Златната топка“ за Роналдо