Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Нацева: Нашата шанса се вика Хрватска

Екскапитенот на Македонија смета дека Србија е поопасна во дебито на ЕП како самостојна држава

Иако мнозинството во и околу македонскиот табор шансата за пласман во вториот круг ја гледа во натпреварот од последното коло во групата в сабота со Србија, некогашниот капитен на репрезентацијата на Македонија, Гордана Нацева, типува на утрешниот дуел со Хрватска.

„Во контакт сум со Бранка Јовановиќ, која е тренер на голманите во српската селекција, и од неа слушам дека горат од желба да се прикажат во најдобро светло по раздружувањето со Црна Гора. Имаат добар селектор(Часлав Динчиќ - н.з.), како и неколку одлични ракометарки, пред се' Лекиќ од Крим, која трет стрелец во Лигата на шампионите, а тука се и Ериќ и Огњеновиќ. Хрватките, пак, долго ги немаше на големите натпреварувања, а лани одигравме нерешено со нив на СП во Франција, што значи дека можеме да се носиме со нив“, проценува македонската ракометарка на векот.

Крајниот дострел на Македонија на ова првенство, според Нацева, е пласман во вториот круг.

„Од тоа што го видов на контролниот меч со Шпанија, мислам дека немаме тим за пробив меѓу осумте најдобри. Одбраната не ни е агресивна, речиси и да не прави прекршоци, дозволувајќи му на противникот течни акции и циркулација на топката. Од друга страна, во нападот не гледам играч меѓу бековите од кого би можеле да се очекуваат сигурни 5-6 гола на секој меч“, анализира легендата на македонскиот женски ракомет.

На прашањето за првиот фаворит за титулата, Нацева како од топ одговара - Норвешка.

„Финалето на Олимпијадата во Пекинг покажа дека Русинките се побавни и веќе тешко им парираат на брзите и комбинаторни Норвежанки. Руската игра како да е прочитана“, вели Нацева. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 426 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Бостон покажа кој е газда на Истокот
Првостепената комисија го одби Атанас Костовски
Почнува вистинската борба за вториот круг
Акопјан нема да седи на клупата
Пелистер се заканува со бојкот на првенството
„Златната топка“ за Роналдо