Бостон покажа кој е газда на Истокот
Во нерзвозната дерби пресметка во Источната конференција во која беа досудени дури осум технички грешки кошаркарите на Бостон го совладаа Орландо со 107:88. Предводник на „келтите“ до деветтата победа во низа беше Пол Пирс со 24 коша од 17 постигна во третата четвртина. Одлична вечер во редовите на шампионот имаа и Реј Ален (21 поен), Рондо (16 поени, 12 асистенции) и Гарнет (15 поени, 9 скока). Најразсположени кај „магичните“ беа Рашар Луис (30 коша), Туркоглу со 19 и Двајт Хауард (14 коша, 15 скока).
Екипите на Голден Стејт и Мајами приредија вистински спектакл во Калифорнија во кој гледачите видоа 259 коша и продолжение, но на крајот тагуваа по победничкиот шут од линијата за слободни фрлања на новајлијата Мајкл Бејсли за конечни 130:129 за „жешките“ гости. На седум секунди до крајот „вориорси“ имаа плус три (129:126) по што следуваше тројката на Крис Квин за израмнување, а Бејсли пресече еден напад на домашните и се избори за „пенали“ од кои еден беше доволен за вкупно деветта сезонска победа на Мајами оваа сезона во НБА лигата.
Џамал Крафорд го одигра првиот меч за Голден Стејт по неговото доаѓање од Њујорк и постигна 40 коша, додека лидер кај „жешките“ беше најдобриот стрелец во лигата, Двејн Вејд со 37 поени.
Шарлот, на домашен терен, ја совлада Минесота со 100:90. Во тешко обезбедниот триумф на „бобкетси“ предничеше Џејсон Ричардсон со 25 коша, Емека Окафор уфрли 24, а најдобар поединец кај „волците“, кои оваа сезона имаат само четири победи досега, беше Ренди Фоје со 23 коша.
Резултати: Шарлот - Минесота 100:90, Бостон - Орландо 107:88, Голден Стејт - Мајами 129:130 (по продолежние).
|