Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Акопјан нема да седи на клупата

Радуловиќ дефинитивно отпадна од составот за првиот круг на првенството

Левон Акопјан нема да дели совети од клупата на македонската репрезентација во текот на натпреварите од Европското првенство за ракометарки. И покрај најавите, поранешниот трофеен тренер, а сега претседател на Динамо Волгоград, кој дојде минатиот вторник за да помогне како советник на Стручниот штаб, не се најде меѓу шесте официјални лица во македонскиот тим дефинирани на последниот технички состанок на ден пред почетокот на шампионатот. На таа листа останаа селекторот Владимир Глигоров, водачот на тимот Иван Бојков, помошникот-тренер Ангел Велков, директорот на репрезентацијата Димитар Тодоровски, докторот Никола Силјановски и масерот Рубинчо Србиновски.

Меѓу 16. ракометарки што ќе го претставуваат домаќинот во првиот круг ја нема Валентина Радуловиќ, чија повреда на лигаментите на десното колено и дефинитивно ја оддалечи од настап, најмалку во групата од прелиминарната фаза. На конечниот список за првиот круг се голманите Андреева, Треноска и Наумоска, крилата Пецевска и Тодоровска, бековите Барјамоска, Коцевска, Портјанко, Црвенкоска, Кресоја, Бујанова, Ѓорѓиевска и Новеска, како и пикерите Младеновска, Мечевска и Илкова. Две од овие ракометарки по првиот круг можат да бидат заменети со две од поширокиот список од 28 играчи пријавени во ЕХФ до 30 октомври.

Норвешка го изостави пикерот Сузан Торсгорд и за првиот круг пријави 15 играчи. Украина ги „избриша“ десното крило Јулија Гарбаренко и пикерот Дарја Фисјук. Од хрватскиот состав, пак, во последен момент отпаднаа голманката Јелена Грубишиќ и средниот бек Нина Јукопила. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 398 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Бостон покажа кој е газда на Истокот
Првостепената комисија го одби Атанас Костовски
Почнува вистинската борба за вториот круг
Нацева- Нашата шанса се вика Хрватска
Пелистер се заканува со бојкот на првенството
„Златната топка“ за Роналдо