Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет
Терористички напад во Атина

Автомобил-бомба експлодира пред Берзата, при што една жена е полесно повредена

АТИНА - Автомобил-бомба вчера експлодира пред Атинската берза, при што една жена е полесно повредена, зградата на берзата е оштетена, а осум возила се запалени, јави грчката полиција. Атинската берза соопшти дека нормално ќе продолжи со работа и покрај нападот, најнов во серијата напади врз компании и полициски цели, откако убиството на тинејџер од страна на полицијата во декември 2008 година ги предизвика најголемите немири во Грција во текот на децениите.

Силната експлозија се случи по анонимен предупредувачки повик до еден грчки весник во раните утрински часови. Од експлозијата се скршени прозорците на неколку ката од зградата на берзата и остатоци се разнесени неколку стотици метри од објектот. „Тоа беше експлозивна направа. Остатоците беа пронајдени во оштетен автомобил“, рече портпаролот на грчката полиција, Панајотис Статис.

Полицијата јави дека во исто време експлодирала рачно направена бомба пред владина зграда во северниот град Солун, при што била предизвикана мала штета, а немало повредени. Салон за автомобили во близина на Атинската берза е тешко оштетен од експлозија на бомба, поставена во бело комбе паркирано покрај зградата, и целосно уништено од експлозијата. Претседателот на атинската берза, Спирос Капралос, јави дека оштетувањето на зградата е значително, но официјални лица работат интензивно за да биде отворена за трговија. „И покрај големата материјална штета на зградата од денешната експлозија, атинската и кипарската берза ќе работат нормално“, истакна берзата во соопштението. Атинската берза вообичаено отвора во 7,30 часот. Атина и Никозија делат трговска платформа. (Ројтерс)

 


#
Статијата е прочитана 307 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Економскиот интерес го ослободи бомбашот од Локерби
Француските социјалисти полека се будат
Производството на опиум во Авганистан драстично опаѓа
Се' повеќе сиромашни луѓе во Русија
ЕУ ќе прима бегалци од конфликтни зони
Иран ги менува амбасадорите