Иран ги менува амбасадорите
ТЕХЕРАН - Иран менува 40 свои амбасадори, меѓу кои и оние што изразија поддршка за „бунтовниците“ за време на безредијата, што избувнаа по спорните претседателски избори во јуни, јави полуофицијалната новинска агенција „Фарс“. Повикувајќи се на информирани извори, агенцијата „Фарс“ објави во вторникот навечер дека дипломатите добиле известување дека нивните дипломатски позиции се завршени. Агенцијата не објави детали на кои амбасадори се однесува тоа, а владини претставници не беа достапни да ги коментираат информациите, кои, исто така, укажуваат дека на други ирански амбасади им е потребен нов персонал. „Некои од тие луѓе официјално ги преземаа позициите за време на неодамнешните безредија во Иран, како поддршка на бунтовниците“, јавува „Фарс“. „Се претпоставува дека новите амбасадори ќе бидат избрани од експерти лојални на основата на Исламската револуција од 1979 година“, се додава во соопштението. (Ројтерс)
|