Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет
Се' повеќе сиромашни луѓе во Русија

Во Русија има најмалку 15 милиони луѓе без постојани примања, а без работа се седум милиони луѓе

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ


МОСКВА - Економската криза во Русија забележително го зголеми бројот на луѓето кои примаат помалку од животниот минимум. Државните статистичари јавуваат дека во Русија сега има 24,6 милиони вакви луѓе, што е дури за шест милиони повеќе во однос на минатата година. Тие податоци се навистина загрижувачки, бидејќи некои економисти тврдат дека бројот на сиромашните уште ќе се зголемува. Русија сега има 144 милиони граѓани.

Во првиот квартал од 2009 година животниот минимум изнесуваше 5.083 рубли (околу 115 евра). Во Русија одвоено се води статистика за три категории луѓе: работоспособно население, деца и пензионери. Така, во првиот квартал работоспособното население имало животен минимум од 5.497 рубли, пензионерите 4.044, а децата 4.857 рубли. Во однос на минатата година просечниот животен минимум се зголеми за 8,3 отсто, но се зголемија и цените на прехранбените производи.

Како и во други земји, и во Русија бројот на лицата кои примаат помалку од востановениот животен минимум забележително е зголемен по почетокот на економската криза. Експертите сметаат дека најзагрозен е оној дел од населението што ја изгубиле работата, како и оние што имаат деца. Покрај нив, во неповолен однос кон другите се и селаните. Економистот Евгениј Гонтмахер вели дека бројот на сиромашните од сегашните 17,4 отсто може да се зголеми на 20 отсто. Во 1999 година, во времето на владеење на Борис Елцин, имаше дури 28,4 отсто сиромашни.

Руските статистичари истакнуваат дека економската криза и девалвацијата на рубљата ја спуштија Русија на ранг-листата на најмали плати во Европа. Дури и Москва и регионите каде што се вади нафта во Русија се само малку подобри во однос на најниските плати во Бугарија и во Романија, кои се на дното на скалата на ЕУ. Според податоците на ЕУ, минималната плата во богатите земји е над 800 евра. Земјите што не спаѓаат ниту во богати ниту во сиромашни имаат најниска плата од 400 до 800 евра. Најсиромашните европски земји се во категорија под 400 евра.

Како споредба, најниската плата во Луксембург е 1.642 евра, во Ирска 1.387, а во Белгија 1.387 евра. Што се однесува на оние од дното, најниски плати има во Бугарија (123 евра), во Романија (153 евра), потоа во Латвија (232), Литванија (254), Унгарија (270), Естонија (278) и Полска (283 евра). Во Турција, која сака да стане членка на ЕУ, минималната плата, наводно, е 319 евра.

Во Русија сега официјално минимална плата, или како што се нарекува МРОТ, е само 97 евра. Владата најави дека годинава минималната плата ќе биде 104 евра. Во Москва минималната плата во септември минатата година беше 213 евра, а годинава ќе биде само 195 евра.

Сергеј Уланов, раководител на Центарот за изучување на нивото на живот при Институтот за социјална политика на Руската академија за науки, тврди дека денес во Русија има најмалку 15 милиони луѓе без постојани примања. Многумина кризата ја преживуваат благодарение на своите градини. Официјалната руска статистика покажува дека без работа се 2,1 милион луѓе, додека Меѓународната организација на трудот изнесува податоци за околу седум милиони невработени во Русија.

 


#
Статијата е прочитана 408 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 03.09.2009 00:36:43
Se ostvari sonot na Hruscov: Rusija ja stasa Amerika. I po brojot na bogatasi i po brojot na tie sto ziveat vo krajna beda.

Најди! во Утрински
Свет
Терористички напад во Атина
Економскиот интерес го ослободи бомбашот од Локерби
Француските социјалисти полека се будат
Производството на опиум во Авганистан драстично опаѓа
ЕУ ќе прима бегалци од конфликтни зони
Иран ги менува амбасадорите