Во Австрија падна снег
Виена - За време на викендот во западните делови на Австрија паѓаше снег, а некои планински премини беа затворени за движење, соопштија локалните медиуми.
На денот на пролетната рамноденица во долината Цилертал во покраината Тирол е измерена снежна покривка во висина од 40 сантиметри. Во некои региони од истата покраина во текот на ноќта температурата изнесувала минус девет Целзиусови степени. (МИА)
|