Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Десничар во социјалистичко опкружување

Новиот претседател на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, е контра лефтистичкото свртување на континентот

КАРАКАС - Колумбиските гласачи во неделата со убедлива предност за нов претседател го избраа поранешниот министер за одбрана, образуван во Америка, кој го надгледуваше енергичните операции против бунтовничките групи во земјата. Хуан Мануел Сантос обезбеди 69 проценти од гласовите во втората и финална рунда од изборите, наспроти 27,5 проценти за неговиот ривал, поранешниот градоначалник на Богота, Антанас Мокус, изјавија во неделата вечерта официјални претставници на колумбиската изборна комисија.

Иако Сантос обезбеди убедливо мнозинство, гласањето беше одбележано со висок процент на апстиненција и убиства за време на викендот на најмалку десет члена на колумбиските безбедносни сили од страна на герилци, потсетник дека четиридецениската војна против левичарските бунтовници е далеку од завршена.

Победата на Сантос, економист, го покажува континуитетот на врските на Колумбија со САД, која ја снабдува земјата со стотици милиони долари во безбедносна помош секоја година. Сантос, како и претседателот на заминување, Алваро Урибе, изјави дека сака да ја зачува позицијата на Колумбија како водечки латиноамерикански сојузник на Вашингтон.

Во неодамнешно интервју во Богота, Сантос изјави дека Колумбија сака да има поактивна советодавна улога со САД во безбедносните прашања во овој дел од хемисферата, особено во борбата против трговијата со дрога. Колумбија неодамна постигна успех во ослабување на кокаинските картели и намалување на површината каде што се одгледува кока, растение што се користи за производство на кокаин. „Ние би сакале да престанеме да бидеме земја, која секоја година моли за помош и се наоѓа на исто ниво, и да кажеме дека сакаме да ви помогнеме, на пример, со она што се случува со дрогата во Централна Америка или на Карибите“, вели Сантос (58). „Се надевам дека ова мото да се биде стратегиски сојузник навистина би можело да стане реалност“.

Амбициите на Сантос за развивање блиски врски со Вашингтон понекогаш го издвојуваат во регионот, кој е сведок на константна ерозија на американското влијание, додека Кина го засилува својот профил во хемисферата, а Бразил, растечката сила на Латинска Америка, го проширува својот политички и економски дострел.

Тој веднаш ќе се соочи со предизвик да се обиде да ги поправи односите на Колумбија со Венецуела, задача комплицирана од засолништето што го наоѓаат на венецуелска територија двете најголеми бунтовнички групи во Колумбија, Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) и Националната ослободителна армија (ЕЛН).

Сантос, кој студираше на Харвард и на Универзитетот во Канзас, честопати разменуваше жестоки зборови со претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, кој остро ги намали увозите што неговата земја ги прави од Колумбија.

Сантос се соочува со уште еден предизвик во соседен Еквадор, каде левичарските официјални лица се' уште се лути поради нападот во 2008 година извршен на еквадорска територија од страна на колумбиски сили кога беа убиени Раул Рејес, висок командант од редовите на ФАРК и други. Во тоа време Сантос беше министер за одбрана на Колумбија.

Еден судија во Еквадор неодамна издаде налог за апсење на Сантос поради тој напад, потег што Сантос го опиша како „комплетно нелогичен и против секој аспект на меѓународното право“.

Додека Сантос мора да се справува со анимозитетот кон него од Еквадор и Венецуела, неговото раководење со сериозните удари врз герилците, вклучувајќи го и нападот во Еквадор, и неговата идентификација како политички наследник на Урибе, секако дека работеа во негова корист кај гласачите. „Гласав за Сантос бидејќи не можеме да го загубиме она што го постигнавме во мандатот на Урибе“, вели Алеида Сиера (27), продавачка која во неделата го даде својот глас во Богота.

Сепак, мандатот на Сантос забележително ќе се разликува од оној на Урибе, кој отслужи два мандата како претседател и доби пофалби за нападите против бунтовниците и стабилизација на економијата во Колумбија, во која се' уште има висок процент на сиромаштија и нееднаквост. (Њујорк тајмс)


#
Статијата е прочитана 592 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
На Хрватска ќе и' се случи разорен земјотрес?
Медведев ја затвори славината за Белорусија
БП била информирана дека ќе се случи катастрофа
Иво Санадер основа нова партија
Загинаа четворица војници на НАТО
Хамид Карзаи со 525 долари месечно
Во Австрија падна снег