Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
3461

Платите во А1 на „Фејс“, се бара кој ги објави

Лажен профил на „Фејсбук“ со симболи од УЈП отвори истрага за заштита на личните податоци

Горан Адамовски


Платите на новинарите и на вработените во телевизијата А1 вчера беа топ-тема во јавноста откако беа објавени на интернет-страница на мрежата за социјално дружење „Фејсбук“.

Под профилот „UJP leaks“, на виделина беа објавени десетина листи, на кои на вработените во ТВ А1, сосе нивното име и презиме, односно матичен број, им се гледаше колку пари заработуваат. Ако им се верува на листите, кои, наводно, биле пронајдени во сефот што го запленија инспекторите од фирмите на „Перо Наков“ б.б., вработените во телевизијата на Рамковски не биле пријавени на цела сума, односно поголемиот дел од парите ги земале на рака. Единствено членови на семејството Рамковски, кои на објавените листи фигурираат како вработени во овој медиум, наводно, се' пријавени на целата сума.

Списоците беа објавени вчера утрото и набргу станаа хит на „Фејсбук“. На страницата се гледа логото на УЈП со додавката „leaks“. Објавувањето на платите на вработените и нивните матични броеви отворија истрага кој ги злоупотребил нивните лични податоци.

Од Управата за јавни приходи реагираа веднаш и побараа од Дирекцијата за заштита на личните податоци лажниот профил да биде избришан.

„Станува збор за класична злоупотреба на профилот на УЈП, односно назив и обележје на институцијата. Потенцираме дека објавените информации на електронската социјална мрежа не потекнуваат од УЈП, ниту, пак, се објавени од страна на УЈП“, вели Весна Новаковиќ, портпарол на УЈП.

Од Дирекцијата за заштита на личните податоци ја скенираат ситуацијата и одлучија засега да не излегуваат во јавноста додека не добијат поконкретни информации.

„Примивме пријава од физички лица, како и од УЈП за отстранување на страницата на ’Фејсбук‘“, кратко ни изјавија од дирекцијата. Некаде пред 15 часот профилот веќе не можеше да се пронајде на „Фејсбук“.

Ситуацијата будно ја следат и во МВР. Оттаму велат дека им стојат на располагање, согласно со своите овластувања, на сите институции и поединци да им помогнат доколку биде побарано од нив проверка на каква било информација.

Пред случајот да земе замав, вчераутро Здружението на новинари реагираше на доставувањето видеозапис од Финансиската полиција за спроведена контрола во фирмите на „Перо Наков“ бр.60, при што се тврди дека во еден од сефовите освен пари, откриена е и листа на новинари на кои им се исплатени пари во кеш, а од која јасно може да се забележи логото на А1 и на А2 телевизија.

ЗНМ смета дека Финансиската полиција има законска обврска да открие и да бара санкционирање на секое прекршување на Законот, но инсистира сите органи вклучени во расчистувањето на овој случај, но и во други случаи, во текот на предистражната постапка да ги почитуваат законските прописи.

„Повикуваме институциите да ја почитуваат презумпцијата на невиност, а за лицата за кои постојат докази дека извршиле некое законско прекршување, да се поднесат соодветни пријави до обвинителството“, наведува ЗНМ. Објавувањето вакви документи во јавноста може да создаде впечаток дека се сака да се компромитираат новинари на А1 или на А2 телевизија и воопшто целата новинарска фела“, смета ЗНМ.

Здружението вчера го осуди и нападот врз фоторепортер на „Вечер“ од сопственик на угостителски објект што се случи во четвртокот во Скопје. ЗНМ укажува дека никој нема право да ги спречува, а уште помалку да ги напаѓа фоторепортерите во текот на извршувањето на секојдневните работни задачи.

„Уште повеќе што објект на интерес на нашиот колега не бил ресторанот или неговиот сопственик, туку јавни личности, кои во тој момент го напуштале објектот“, реагира ЗНМ, со предупредување дека во иднина на ваквите постапки ќе се реагира не само со осуда, туку и со преземање соодветни законски мерки за заштита на новинарите. (Г.А.)

 


#
Статијата е прочитана 6355 пати.

Испрати коментар

Од: logicno
Датум: 15.12.2010 12:02:43
Pa koj gi objavil vo novina toj gi objavil i na Fejs Buk.
Од: viki
Датум: 15.12.2010 12:12:03
da se zabranuva isplata vo kes,a ministerkata za kultura vrakjala pari vo kes.se izvinuvam toa ne e isto zemanje pari i vrakjanje na pari ,kje treba za blagodarnost da i izgradime spomenik na plostad
Од: honza
Датум: 15.12.2010 12:16:55
zoran bozinovski ,vasiot kolegA go imase istaknato spisokot na negoviot fb profil !!
Од: Dejan
Датум: 15.12.2010 13:00:05
Branko pak ruchal so Velija, a neli izjavi deka nivnite odnosi zavrshija. Pak ve izlaza, no samo vas od sdsm, bidejki obichniot covek poveke ne mu veruva odamna. Fotoreporterot bil napadnat dodeka gi fotogrfiral, da se odnesuvase ova na Grujo do sega top tema ke bese vo vasiot vesnik a bogami i na A1, Alfa. Najvazno e sto narodot ne e slep i nema kratko pamtenje i vakvi foliranti i kriminogeni tajkuni dobro gi poznava.
Од: збунет и револтиран
Датум: 15.12.2010 13:30:12
внесов точен, но очигледно манипулирате со коментарите. Во случајов ги штитите новинарите! Благодарам, никогаш повеке нема де ви се обратам, ја злоупотребивте мојата доверба!
Од: student bara pravda
Датум: 15.12.2010 14:00:14
i toj sto zloupotrebil tugji podatoci treba da odgovara,treba da odgovara I Velija ako nezakonski rabotel i treba da odgovaraat site onie glumci koi gi vidovme na A1 koi imaa namera da go voznemirat narodot i da dobijat poeni.Ako branis kriminal rabotis protiv drzavata i narodot.Ovoj narod ne pie nafta.Gospoda od SDSM,odete vo Dramski teatar tamu vi e mestoto.So zadovolstvo ke plakjam karti za da ve gledam
Од: Тале
Датум: 15.12.2010 14:59:48
Сега новинарите можат комотно да им фркнат тужба на УЈП, затоа што не си ги заштитиле податоците од истекување.
Од: borce
Датум: 15.12.2010 15:31:41
Gospoda od opozicija sekade vo svetoto toj chto pravi kriminal ne placa danoci treba da odgovara.A vie pochto go branite uchte ne pocnata kontrolata frlate drva i kamenja po vlasta. Ocigledno kaj nas kriminalcite se chtitat od partiite nekoj se so vlasta nekoj so opozicijata.
Од: mene
Датум: 15.12.2010 18:34:52
Zosto se vonemiruvaat vrabotenite od A1 za javnoto istaknuvanje na nivnite primanja? Pa neli nema nisto loso i neeticko vo toa? Taka barem jas razbrav vo emisijata 'Kod' koja pred nekoja nedela se emituvase tokmu na A1 TV i vo koja na tapet bea staveni primanjata na clenovi na akademskiot kadar od nekolku fakulteti pri Univerzitetot Sv. Kiril i Metodij! Zosto sega tokmu na onie koi se zalagaat za transparentnost bi im precela istata?!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.12.2010 19:29:39
Под итно да се санкционираат оние кој ова го направиле.Па ви се молам ова е удар врз независните новинари кој со име и презиме се хонорирани како полначи на кеси со смоки.И сега шчо праиме,јавноста ужива во обелоденувањето, независниве фатени во недозволена ситуација која многу допринесува врз нивниот незавесен новинарски бекграунд,а батак мајсторот веќе спрема милионски своти за казна или VIA Шутка.Остануваат само навивачите позинати.

Најди! во Утрински
Македонска верзија

Поглед
Димитар Чулев
МЕРИДИЈАНИ
Паоло Меса
Мислења
Ивор Мицковски
Европа во фрижидер

Концерт
Шербеџија и Тадиќ со врвна екипа во Скопје
„Кралица на светот 2010“
Ива Михајловска меѓу петте најубави девојки

 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu