Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Европа во фрижидер

Во Скандинавија оценуваат дека ова е најстудениот почеток на зимата од 1850 година

Милиони патници низ Европа се соочија со уште еден ден на хаос откако најлошата зима во последниве 30 години продолжува да го блокира патничкиот, авионскиот и железнички сообраќај. Вчерашните обилни снежни врнежи беа причина да се затворат голем број европски аеродроми, брзите возови да забават, а огромен број автомобили да се лизгаат по подмрзнатите улици за време на викендот кога голем број луѓе се обидуваа да заминат дома за празниците.

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ беше затворен за слетување, а аеродромот во Франкфурт откажа околу 40 проценти од летовите. Парискиот „Шарл де Гол“ за една четвртина го намали воздушниот сообраќај поради големата снежна покривка што го прекри францускиот главен град, реткост што се појави неколку пати во последниве неколку дена за време на невообичаено студената зима. Голем број патници ја минаа ноќта во импровизирани спални соби на аеродромите во Амстердам и на „Хитроу“, најпрометниот аеродром во Европа. „Баровите беа отворени и некои луѓе се напија и станаа непријатни“, вели патничката Сју Керслејк, која е заглавена на „Хитроу“.

Студеното време во Британија беше причина за три смртни случаи во саботата. Тинејџерка го загуби животот во несреќа при санкање, додека една мајка и нејзиниот 10-годишен син загинаа во сообраќајна несреќа.

Во северна Франција брзите возови ТГВ побавно се движеа од вообичаеното, и секое патување траеше по 20-ина минути повеќе, а беа погодени и возовите на „Еуростар“ за Британија и возовите „Талис“ за Белгија и за Холандија.

На аеродромот во Франкфурт, најголемиот во Германија, повеќе од 500 лета вчера беа откажани од планираните вкупно 1.330 полетувања и слетувања, а стотици патници ја поминаа ноќта во аеродромот.

Во Скандинавија, каде што температурите во некои места се симнаа и до 20. степен под нулата, метеоролозите предвидуваат дека снег се наталожува врз замрзнатите патишта по обилните снежни врнежи и силните ветришта. Метеоролозите наведуваат дека ова е најладниот почеток на зимата од 1850 година. Лошото време ја принуди Холандската фудбалска федерација да го откаже дерби-натпреварот на колото меѓу Ајакс и Феенор.


#
Статијата е прочитана 1049 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (9)
Тиквешански
Клуч за забните ординации?
Пандев и Интер кралеви на светот
Срамниот крај на Божидар Д.
Груевски му закажа на Црвенковски
Шербеџија и Тадиќ со врвна екипа во Скопје
Зимувањето привилегија за богатите
„Алфите“ натепале малолетник, граѓаните поставија барикади
Парадоксот Берлускони
Ива Михајловска меѓу петте најубави девојки
За да се вработат, географи стануваат фризерки
Театарот на животот, политиката, апсурдот!
„Аспиринот“ може да ја намали смртноста од рак за 50 проценти
Стил
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census