Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

За да се вработат, географи стануваат фризерки

Преквалификацијата е можност полесно да се најде работа и пристојна плата

Сања Наумовска

Историчари стануваат плочкари или молери, а дипломирани географи, фризерки или козметичарки. Во борбата за обезбедување работно место и пристојна плата, преквалификацијата понекогаш е единствена можност за невработените да дојдат до парче леб. Помладите, но и оние малку повозрасните што имаат дури и високо образование, изморени од долгогодишно чекање на вработување, се' почесто се решаваат да ги земат работите во свои раце и да го сменат својот професионален профил.

Најчесто, младите се одлучуваат за некој занает што ќе им овозможи самовработување, велат во Работничкиот дом „Кочо Рацин“. „Последните неколку години хит при преквалификацијата се фризерскиот и козметичкиот занает, како и масажата и кројачкиот занает. Речиси две години полни се и курсевите за градежни работници, како што се ѕидари, молери, плочкари, но и за бравари, водоводџии и електричари. Весниците се полни со огласи во кои се бараат млади градежни работници што би работеле во странство, што веројатно, е главната причина што ги привлекува младите токму на овие курсеви“, велат во Кочо Рацин“, од каде што додаваат дека решавачки фактор за преквалификација е признавањето на нивните дипломи секаде во Европа и во Австралија.

Сепак, за преквалификација почесто се одлучуваат младите, за разлика од оние повозрасните што поминале добар дел од работниот стаж. Тие многу потешко се решаваат да почнат од нула, свесни дека ризиците се големи, а и преквалификацијата, поточно кратките курсеви и обезбедувањето нова диплома, не е евтина. Па дури и да се заврши преквалификацијата, на повозрасните им е многу потешко да почнат со нов бизнис, кој чини пари, ризичен е, а успехот никој не го гарантира.

Во Работничкиот дом велат дека преквалификацијата е одлична можност за оние што бараат работа да одговорат на потребите на пазарот на работна сила. Кај нив постојат курсеви за образување секакви профили. Од друга страна, соработуваат со многу институции и редовно го следат пазарот на труд, што им овозможува да понудат курсеви за преквалификација што ќе им обезбедат подобра иднина на граѓаните.

„Годишно околу 500 до 600 лица ги поминуваат нашите курсеви заради преквалификација. Некои од нив се веќе вработени, но им треба доусовршување и диплома, а поголемиот број се невработени што не успеале да најдат работа со своето образование“, вели Миле Стоиловски, секретар на Работничкиот дом.

Жените, вели тој, најмногу ги посетуваат курсевите за козметичарки и фризерки. Во минатото најбаран бил кројачкиот занает, но сега не им е еден од приоритетите на помладите. Некогаш многу повеќе заинтересирани сакале да се преквалификуваат во сметководители, но и тој тренд е во опаѓање. Мажите се позаинтересирани за градежништвото, компјутерите и пекарскиот занает. Масажата, пак, е хит кај двата пола. Најчесто, по завршувањето на курсот, работа се бара во странство или на прекуокеанските бродови. Најскапа е преквалификацијата за козметичар, која чини 35.000 денари. Курсот трае 4 месеци и целосно се изведува во современо студио во Работничкиот дом. Фризерскиот курс чини 17.000 денари, оној за масажа, 18.000 денари, а молерскиот, пак, 24.000 денари.

Во Работничкиот дом велат дека многу често соработуваат со Занаетчиската комора, токму на полето на преквалификацијата. „Многу често се склучува некој што веќе се одлучил да стартува свој бизнис, да не може да отвори фирма, бидејќи нема соодветно образование. Затоа имаме и курсеви за проверка на знаењето, кои се пократки и поевтини, а преку нив се добиваат потребните дипломи“, велат во „Кочо Рацин“.


#
Статијата е прочитана 1905 пати.

Испрати коментар

Од: coco
Датум: 20.12.2010 14:22:23
A, плочкари, мајстори, стануваат министри, директори. Дали е тоа обратна преквалификација
Од: 2014 Δ.п.н.е.
Датум: 20.12.2010 14:23:58
Нормална појава во општество каде плочкари,молери,фризери и козметичари стануваат историчари,географи...каде што дибеци почнаа да завршуваат факултети што целиот свој живот не успеале да завршат факултет,дури и научни титули да земаат!Моќ на книшката!А што мислевте вие,на знаењето?!
Од: Pirin
Датум: 20.12.2010 15:09:56
na grujo i na slicnite kako nego bez razlika vo koja partija se ne im trebat plockari zidovi bravri, oni imaat kupeni za mali pari gotovi stanovi namesteni , niv im trebaat visoko skolsi ustanovi sto kostaat mnogu pari a ovie kursevi se evtini i od seto toa nemaat mnogu kar i tie nemozat da gi propagiraat za nardnite izbori.
Од: eu
Датум: 20.12.2010 15:20:28
zemja bez nikakva idnina,zosto obrazuvat ludje koga nemat potreba?zosto placat kadar na fakulteti koga nema potreba za mnogu struki?taka nese raboti vo evropa.............i ce odele na brod daleku nekade...nikogas nema da se ozenat/omazat bez potomstvo necija......i koga ce se vratat na 45godini bolni ce gi dadat pariti specaleni za lecenje....toa li e nacionalna politika...
Од: Дони
Датум: 20.12.2010 20:04:48
И без официјална преквалификација луѓе со факултет (познавам и со магистратура) возат такси и продаваат по тезги, мораат да се снаоѓаат некако. А познавам и високообразовани фризерки што работат за мали пари во студија за убавина. Тоа не е ништо чудно. Туку се чудам каква иднина ќе имаат големиот број новодипломирани млади кадри.
Од: remi
Датум: 20.12.2010 22:51:08
Sega, koga imame fakulltet vo sekoe gratçe mozhe i vtor da zavrshat,, fakulltetot stana kako edno sredno,,,
Од: Oliver, USA
Датум: 21.12.2010 02:26:16
Prvo bravo za Sanja, Nacnuva tema za koja nasite lugje mislat deka e najgolemo zlo na planetata...Tipicen mentalitet na balkanot...jas ucev Ekonomski, zasto sega da bidam nesto drugo . Celiot sistem vo USA e dobro postaven i se bazira na edukacija i prekvalifikacija...Deneska moze da ste broker i da vi e napnata rabotata, i da vi e pobitno semejstvoto, zatoa ke stanete nesto drugo i ke bidete srekni. Nema sramna rabota se dodeka znaete da ja rabotite onaka kako sto treba...Zarem frizerkata ke bide posrekna da raboti so bagra decista koi ke i se kacuvaat na glava sekoj den...MAKEDONCI, izlezete od balkanskiot sablon. Ne e bitno sto rabotite, bitno e da znaete mnogu za toa sto go rabotite. Poprvo bi vozel Kombajn otkolku da sedam doma so diplomata od nekoj od univerzitetite...Bravo Sanja!
Од: Јосиф
Датум: 21.12.2010 11:22:39
Oliver, se slozuvam so tebe celosno. Kako sto vika novinarkata "изморени од долгогодишно чекање на вработување..." tie CEKALE, a ne BARALE rabota. Cekale nekoj da gi vikne. Toa e eden ogromen problem na lugjeto, sto cekaat nekoj drug da im ja zavrsi rabotata. I kako sto vikas, ako nemas rabota vo strukata, najdi nekoja druga, podobro da vozis rabotis nesto otkolku da sedis doma koga vekje nemas drug izbor. Ama mnogumina izbiraat da sedat doma, SO GODINI.

Најди! во Утрински
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (9)
Тиквешански
Клуч за забните ординации?
Пандев и Интер кралеви на светот
Срамниот крај на Божидар Д.
Груевски му закажа на Црвенковски
Шербеџија и Тадиќ со врвна екипа во Скопје
Зимувањето привилегија за богатите
„Алфите“ натепале малолетник, граѓаните поставија барикади
Парадоксот Берлускони
Ива Михајловска меѓу петте најубави девојки
Театарот на животот, политиката, апсурдот!
„Аспиринот“ може да ја намали смртноста од рак за 50 проценти
Европа во фрижидер
Стил
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run