„Кралица на светот 2010“
Ива Михајловска меѓу петте најубави девојки
Македонската претставничка, деветнаесетгодишната Ива Михајловска, се пласира меѓу петте најубави девојки на изборот за „Кралица на светот 2010“ што се одржа во петокот вечер во Нирнберг, Германија. Михајловска, која е членка на модното студио „Црнокрак“, достојно ја п��езентира македонската убавина на овој престижен светски избор на кој во финалето се претставија 60 мисици од исто толку држави од целиот свет. Најсреќна од сите беше Русинката Марија Фурдучке, која се закити со титулата „кралица на светот 2010“, за прва придружничка беше прогласена Норан Мостафа, претставничката на Бенелукс, а втора - Људмила Воронцова од Латвија.
Ива Михајловска замина во Германија благодарение на победата на домашниот избор „Мис на Македонија за Кралица на светот“, што го организираше студиото „Црнокрак“. За нејзиниот изглед на финалето помогнаа и салонот за убавина „Елит“ и Елена Лука, која специјално за оваа прилика ги изработи моделите со кои се претстави нашата убавица.
|