Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Мислења

Театарот на животот, политиката, апсурдот!

Ивор Мицковски

Власта постои за граѓаните, а не како што си замислуваат нашите преродбеници, дека граѓаните постојат за неа

Искажав чуден збор: Побуна! ... Прв пат ја нареков својата мака така, а никогаш порано не сум размислувал така за неа, не сум ја нарекол со тоа име: Побуна! Дали е тоа само збор или мисла? Ако е мисла, тогаш е моја мисла или е моја заблуда. Ако е заблуда, тогаш тешко мене; ако е вистина, тогаш уште потешко за мене.

Театарот е најдобрата метафора на животот, на политиката, на апсурдот. И интересно е да се замисли, како барем и на еден ден, и покрај сите квалитативни недостатоци моментално, театарот во цела Македонија би се замолчил, би исчезнал. Ова е не е само некаква културолошка преокупација, особено не ако театарот го сфатиме во поширока смисла: како збир на ликови и маски, како слобода на говор, како судир и натпревар меѓу неистомисленици, како зборови што се полни со значење и вечни, како лесни мисли и досетки што бегаат од реалноста или сознанија што освестуваат и не' тераат да ги понесеме дома. Театарот е слика на реалниот живот, која може гласно да исмејува или тивко да опоменува. Театарот не мора секогаш да се посетува, но е задоволство и гаранција кога знаеме дека постои. Театарот во Македонија постои, се играат стари и нови претстави, има стари и млади актери, но кај мене превладува чувството дека денес е се' помало влијанието на оваа уметност врз нашиот живот. Се' помало е влијанието на животот врз театарот и се' помала е рефлексијата на општеството преку театарот. Со тоа и се' помала е силата и метафората на театарската порака. Или, просто кажано, нашиот театар повеќе не говори за моралната одговорност.

Мотив за овој дискурс ми предизвика изведбата на „Дервишот и смртта“, враќањето на Никола Ристановски или свеста за тоа како доброто што го имаме го бркаме, а најтешкото што го живееме треба некој однадвор да ни го прикаже и прераскаже. Дека е таква приказната на оваа интензивна драма, така интимна и човечна, толку политички силна и ангажирана во деконстукција на наивноста, во свеста за извесноста, за тоа како лошата власт и лошиот систем го прават лош и најдобриот човек. Но, подеднакво силна е и скриената порака дека иако сме изгубени и живееме една голема негативност, иако нештата немаат смисла, сепак, животот, кој е поголем од нас, има и смисла и ќе не' награди за трудот или за маката.

Тоа, пред се', може да се гледа од аспект дека оваа драма, која во суштина е крајно модерна, им се спротивставува на сите митови, кои лошата политика ги конструира околу човекот и неговиот живот. А тоа е дека алиенацијата што ја доживува човекот поради постигнувањето на политички цели, е нешто непроменливо. Тоа се случува кога една власт сака да ја убеди својата јавност дека таа одлучува, со тоа што и' се наметнуваат одлуките на мнозинството, односно на една тесна олигархија. Тоа се случува кога постојано не' тераат да гледаме на самите себе како на жртви кога вината секогаш ја наоѓаме во другите, кога од нас се бара да не бараме повеќе вистини, да немаме доверба во различното, да бидеме повеќе свои, со тоа што ќе бидеме помалку човечни.

Одамна не сум се сретнал со нешто културно изведено пред нашата јавност што толку многу одговара на состојбите и проблемите во нашето општество. Нешто што поставува некомотни прашања, нешто безвременско, нешто што е верна слика и метафора на нашите духовни состојби, на нашата општествена мизерија. Зарем ние живееме нешто помалку од една континуирана несигурност и бесперспективност? Зарем нешто помалку не' окупира од постојаниот страв што води кон апатија, од меѓучовечката недоверба и сомнеж, од една наметната изолација и еден стекнат или никогаш ненадминат провинцијализам? Македонија е убава и трагична земја, која е на патот кон понорот, како што секој човек овде го оди патот на своето упросечување. Човек без верба и надеж, без иднина и среќа, се транспонира во земја без излез, осудена да биде предадена од лажните верби на народот и лажливите пророштва на проповедникот. Оваа претстава ве прашува, не' прашува сите нас, зошто молчиме пред евидентното, зошто му дозволуваме на системот да не' замолчува, да не' казнува и да навлегува во нашите слободи и права. Воедно, оваа претстава не' потсетува дека ниедна личност, индивидуа, не може да се амнестира од моралната одговорност за тоа што ни се случува. Онаму каде што виреат омразата, сомнежот и стравот, животот постојано е на коцка, на раб на ножот, а ретки се среќниците, кои во клима исполнета со гревови, вина, прекршок, предавништво, среќно ќе го привршат својот животен век.

И ќе ви кажам зошто иако не сум фанатичен обожавател на театарот ја ценам неговата функционалност. Прво, театарот уште од времето на антиката има огромна улога во формирањето и согледувањето на заедничкиот живот на полисот. Театарот колку што е фестивал и прослава на индивидуализмот, тој е надиндивидуално дело, капиларна експресија и импресија која во исто време е и лична и колективна. Театарот и ова е особено важно, воспоставува дијалог не само со секоја посебна индивидуа, туку, пред се', и со општеството од к��е се раѓа и што треба да го интерпретира, да го прославува или, пак, да го критикува. И токму затоа што театарот е нешто јавно, на една претстава паѓаат сите маски и тоа не само оние на актерите, туку и оние на публиката. Никаде како кај нас не се согледува примитивноста на пошироката публика, на организаторот, па конечно, и ограниченоста на нашиот премиер.

Прво, претставата ја организираше токму онаа гарнитура што го сметаше главниот актер за неподобен и тоа наместо срам, им беше мотив за фалење и растурање влезници само на блиските. Пошироката публика, оние блиските, повторно покажаа нецивилизираност и немање однос, со постојано ѕвонење на телефоните и разговори за време на претставата. За среќа, како што се зборува за еден неодамнешен случај во нашите театри, никој од актерите не изреагирал, па поради тоа и фактот што актерите беа наши гости, не можеше да им се поведе дисциплинска постапка под основа дека го навредиле македонскиот народ.

И конечно, што да се каже за нашиот премиер, кој морал да биде дел од овациите и да аплаудира на една драма, која ни помалку ни повеќе симболично го исмејува неговото владеење и антисистемот што тој го наметна во нашето општество. Уште еден доказ за простотилакот и провинцијализмот на нашите преродбеници, целосно неинформирани за темата на претставата. Бесценета е таа слика, кога ќе се објективизира декадентноста на чиновникот, кој без разлика со какви намери тргнал, на крај се претворил во монструм. За на крај да стане жртва не само на системот што е поголем од него, туку и жртва на сопствениот антисистем. Никола Груевски како Ахмед Нурудин, изгубен човек, за кого не знаеме до каде може да оди, не му ја познаваме границата.

Ќе додадам уште една поука од театарот што се врзува за нашите состојби, за потребата од побуна и за една автентична граѓанска непослушност. Непишаните закони на боговите во Антигона, ни кажуваат дека постојат универзални принципи, кои ниту еден позитивен закон, а уште помалку лажното повикување на позитивизмот, нема за право да ги крши. Гледате, старите атињани го сфатиле тоа преку трагедијата на Софокле, ние треба да го сфатиме тоа преку делото на Селимовиќ и, конечно, преку трагедијата на Груевски. Основната претпоставка од која произлегува граѓанската непослушност се базира врз ставот дека политичката заедница почива на некои вредности, кои ниедна власт не смее да ги доведува во прашање. Меѓу нив се и основните права и слободи на граѓаните. Тие, пак, се основа на правниот поредок и за постоење на граѓанинот. Без нив, не постои граѓанин, не постои ни правен поредок. Ако дојде до кршење на тие основни права и слободи, тогаш граѓаните имаат право на граѓанска непослушност со цел да ги заштитат своите права, но и да ги заштитат демократските основи на правниот поредок. Власта, која не ги штити и не им служи на своите граѓани, не заслужува послушност. Власта постои за граѓаните, а не како што си замислуваат нашите преродбеници, дека граѓаните постојат за неа. Затоа граѓаните преку граѓанската непослушност се тие што ја имаат моќта да го урнат овој антисистем на погрешни вредности и лоши политики.

Незадоволството е како ѕверка, немоќно кога ќе се роди, страшно кога ќе зајакне.

(Авторот е политички аналитичар)


#
Статијата е прочитана 756 пати.

Испрати коментар

Од: caki
Датум: 20.12.2010 12:43:18
Decko ova shto si napishal nema vrska so realnosta,ova se narekuva DEMAGOGIJA...pozdrav
Од: Ssra
Датум: 20.12.2010 13:27:23
Mozebi i Tom i Jerry bi gi povrzal so ona sto vo momentot na pisuvanje mu odgovara na avtorot....toj i pokraj odlicniot stil e sekogas tendenciozen pa zatoa ke ostane vo mediokriteti.
Од: Pogresno svatena poraka
Датум: 21.12.2010 01:05:26
Za zal si ja gledal no ne si ja svatil porakata na prestavata "Dervis i smrt'. Taa ttreba da se svati pred se kako edna epopeja , edna oda za prijatelstvoto i goleminata na coveckata doblest i ljubov prema prijateltvoto i ludobta prema covekot , koja ni presijata na sistemot ni zakanite ni opasnostite ne moze da ja unisti. Ahmed Nurudin ne e izguben covek. Toj e covek so humani crti za kog vernosta i covekoljubieto prema prijatelot( Hasan) e svetinja koja ni represiite na sistemot pa i zakanata so smrt ne mozat da ja pokolebaat,. Sekoj sporedba na Ahmed Nurudin so Gruevski prestavuva skvernavenje na svetliot likot na Ahmed i ogromno nepoznavanje na sustinata na porakata na epohalnoto delo na Mesa Selimovic. Zalam sto ne si ja svatil porakata od prestavata, no mlad si i ti preporacuvam vnimatelno da ja procitas knigata.

Најди! во Утрински
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (9)
Тиквешански
Клуч за забните ординации?
Пандев и Интер кралеви на светот
Срамниот крај на Божидар Д.
Груевски му закажа на Црвенковски
Шербеџија и Тадиќ со врвна екипа во Скопје
Зимувањето привилегија за богатите
„Алфите“ натепале малолетник, граѓаните поставија барикади
Парадоксот Берлускони
Ива Михајловска меѓу петте најубави девојки
За да се вработат, географи стануваат фризерки
„Аспиринот“ може да ја намали смртноста од рак за 50 проценти
Европа во фрижидер
Стил
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census