Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Mинистерот ќе одлучи за екстерните тестови

До крајот на неделава се очекува Министерството за образование и наука да ги објави резултатите од екстерното тестирање, кое падна на Уставен суд, а со кое беа опфатени средношколци и основци, со цел да се оцени објективното оценување на наставниците. Но, за тоа како ќе бидат објавени овие резултати, кои беа најавувани за јули, ќе одлучи новиот министер за образование и наука, Никола Тодоров, кој деновиве ги поминува во запознавање со секторите во Министерството.

Тој вчера не знаеше да каже како ќе бидат објавени овие резултати, за кои додаде дека дополнително ќе се информира. Моментно, вели, се концентрирал на проектот за бесплатни учебници кои учениците треба да ги добијат од септември.

Директорката на Бирото за развој на образование и наука, Весна Хорватовиќ, вчера ни потврди дека анализата на тестовите, кои предизвикаа бурна реакција во јавноста, се при крај.

„Ги собравме сите тестови од училиштата и деновиве треба да излеземе со резултати од екстерното оценување, но ќе видиме во која форма ќе го објавиме, бидејќи анализата на овие резултати ќе биде за интерна употреба. Но, во секој случај, нема да ги ставиме децата и наставниците во непријатна положба“, вели Хорватовиќ, која додаде дека за објавувањето ќе одлучи новиот министер.

Моментно Министерството подготвува законски измени со кои повторно сака да го менаџира екстерното тестирање со тоа што тоа би поминало во рацете на Државниот испитен центар, сектор во Бирото за развој на образованието, кој ја спроведува државната матура. За Уставниот суд беше спорно тоа што државни органи, како што се Министерството и Просветниот инспекторат, го организираат и спроведуваат екстерното тестирање. Па, поради тоа, одлучи да ги укине овие тестови, со образложение дека тестирањето треба да го организираат училиштата. Но, по ваквите забелешки, ставот на Министерството беше дека немаат намера да се откажат од екстерното тестирање. Сега, со новите измени, повторно се предлага тестирањето да го води државен орган во рамките на Министерството. (Ж.Х.З.)


Статијата е прочитана 381 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1
Датум: 14.07.2009 12:46:53
Ne e problemot koncentracijata za besplatnite ucebnici, problemot e vo toa sto tolku vi e sposobnosta, ne ste sposobni ni za ovcari, ke gi izgubite ovcite.

Најди! во Утрински
Политика
Здравствен консултант ќе ја „лекува“ МРТ
Медиумите станаа куче кое трага по написи
АРМ во подготовка за борбена група на ЕУ
Комитетот за здравство - параван за приватизација на болниците
„Некој сака да ми ја затвори устата“, обвинува градоначалникот на Чаир
Критики до Груевски што го повикал на разговор претседателот на Апелација
Лекари ќе го спасуваат битолскиот разгранок на СДСМ
Власта омекнува во спорот за името