Здравствен консултант ќе ја „лекува“ МРТ
Петар Каранаков
По здравството, Петар Каранаков ќе ја „лекува “ и МРТ. Од главен консултант за ДРГ-системот за финансирање на болниците во Фондот за здравствено осигурување, Каранаков стана прв човек во МРТ. Во здравството познат како економски менаџер, а на јавноста и по застапништвото за бугарското пиво „Каменица“, Каранаков е назначен за нов извршен директор на државната телевизија.
Ова го потврдија од Фондот за здравствено осигурување, од каде што велат дека Каранаков најавил оти заминува во МРТ. Кој сега ќе раководи со проектот за ДРГ-системот, од Фондот не откриваат.
Во секторот здравство Каранаков е од времето на Војо Михајловски. На јавноста и' е познат како еден од младите кадри, кои со парите од кредитот на Светска банка беше на едукација за здравствен менаџмент во странство, по што паузираше од здравствениот сектор кога СДСМ дојде на власт. Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ, Каранаков се врати како финансиски директор на Клинички центар. По растурањето на Клинички центар Каранаков се вдоми во Фондот за здравствено осигурување. (Ј.Ј.) |