Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

„Некој сака да ми ја затвори устата“, обвинува градоначалникот на Чаир

Според Изет Меџити, апсењето на неговиот татко во акцијата во Фондот за ПИОМ е политички притисок

„Некој сака да ми ја затвори устата и да врши политички притисок врз мене“, обвини вчера чаирскиот градоначалник од редовите на ДУИ, Изет Меџити, остро реагирајќи на спектакуларното апсење на неговиот татко Беќир, кој е дел од групата осомничена за малверзации со пензии во Фондот за пензиско и социјално осигурување во Скопје. Градоначалникот на Чаир смета дека акцијата е дело на некои структури кои сакаат да ги извалкаат кадрите на ДУИ, а ваквите тврдења најавува дека наскоро ќе ги поткрепи и со факти. Изразувајќи сомнеж дека „тие што ја преземале акцијата можеби и немале цел да војуваат со корупцијата и организираниот криминал“, Меџити смета дека крајната цел е да се извалка тој и неговото семејство, со што ќе се извалка и неговиот политички профил. Од полицијата ги отфрлаат обвинувањата, додавајќи дека случајот е чист, поднесени се кривични пријави против десетмина и дека сега останува на судот да одлучи дали има основа да се гонат.

„Имам точни информации и од доверителни извори дека единствената причина за што на спектакуларен начин е приведен мојот татко од страна на полицијата е затоа што ми е татко и единствената цел на неговото јавно приведување е да ме извалкаат мене како политичар“, истакна Меџити на вчерашната прес-конференција во Општина Чаир.

Полицијата минатата недела спроведе обемна акција во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, при што беше приведена група, за која МВР има сознанија дека фалсификувала документи со цел издавање пензии на граѓани кои немале законско право на тоа. Според полицијата станува збор за добро организиран синџир, со кое раководело лице надвор од ПИОМ.

Од десеттемина приведени службеници во Фондот, четворица завршија во притвор, додека останатите беа пуштени, откако од страна на судот биле преземени мерки за обезбедување на нивното присуство. Меѓу нив беше и таткото не Меџити, вработен во ПИОМ, што беше осудено од страна на лидерот на Нова демократија, Имер Селмани. Тој обвини за „нееднакво применување на уставот и законите еднакво за сите граѓани“.

Но, Меџити е категоричен дека не сака да влијае врз судската постапка поврзана со неговиот татко, туку само да му даде одговор на јавниот суд, кој веднаш ги осудил приведените без судски епилог.

„Во скоро време сите овие нешта што ви ги напомнав ќе ги потврдам со факти и сите отворено ќе видат дека во оваа ��ржава некои структури постапуваат според принципот ’само компромитиран Албанец е употреблив Албанец‘. Во оваа држава се' уште има полициски структури кои се под влијание на различните политички движења и кои имаат цел да го компромитираат секој албански политичар за кого мислат дека е ризичен. Во последно време има круг политички полицајци кои прават се' да извалкаат повеќе кадри на ДУИ, зашто на некој начин сакаат да сведочат дека во оваа земја сите сме еднакво компромитирани“, обвини вчера Меџити. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 673 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 13.07.2009 22:12:05
Да де... Во Македонија секогаш кога ќе го фатат некого на крадење тоа е политички притисок.
Од: kiro
Датум: 14.07.2009 08:45:21
Te podrzuvam samo vo ovoj del:'тие што ја преземале акцијата можеби и немале цел да војуваат со корупцијата и организираниот криминал“ Ni na kraj pamet ne im e da vojuvaat so kriminalot, bidejki i samite se zastitnici na kriminalnite strukturi vo drzavava.
Од: jimmy1
Датум: 14.07.2009 12:30:02
Ajde ne placi ne tepan. Ti si sreken sto seuste sto e drzus taa funkcija, pokraj seto tvoe serifsko odnesuvanje. Koga ke ve fatat deka kradite, sve za vas e politicki motivirano. More Sutka i Idrizove se za vas, a ne da bidete del od administracijata na drzavata.
Од: Nekoj
Датум: 14.07.2009 13:11:31
Da de, a ti sto si edno cveke za mirisanje.....
Од: blagoja
Датум: 14.07.2009 13:19:05
tocno e deka ova vlast ne vodi vojna protiv kriminalot nego toa go pravi selektivno.no ucht potocno e deka lugeto so pomoch na politickite partii pravat kriminal a posle se zalat deka im se pravi politicki pritisok.ova za penziskiot fond e tocno deka luge zemaa penzija koja ne ja zasluzile no kriminal ima i vo komisijata za invalidska penzija kade na lugeto im se bara i im se zema do 3000 iljadi evra pa sepak do denes nikoj ne e fatan da odgovara,kriminal ima i vo A D.G.Mavrovo no do denes nichto ne e prezemeno od strana na vlasta protiv bivchiot generalen i negovite rabotnici i aku site znaat deka lugeto ostanaa na ulica bez plati i penzii.
Од: janev
Датум: 14.07.2009 13:30:22
Кутриот меџити, сега говори за местени политички апсење кога на свој грб ја почуствува правната држава
Од: svetlana andasarova
Датум: 14.07.2009 15:46:15
normalna rabota e vo makedonia ako nekoj ne ti se dopaga se lincuva na bilo koj nacin seedno e ne e vazno ovaj mene me sreduvaat veke 3 godini na razlicni nacini ovaj najkatastrofalniot nacin bese na 9-6-2009 me sobraa ot domaso policija i med ekiopa i me piknaa vo vo drug pat poopsitno e objasneto vo helsinski komitet za covekovi prava vo skopje i vo opstinski sud skopje 1 na 29 -6-2009 pa sto li kese ispravi nese znae taka e kaj nas vo makedonia sekogas gledame nekogo da go pikneme pa ne e vazno na koj nacin ...........dobar e gradonacalnikot na cair jas ziveam vo cair myspace.com/berta103

Најди! во Утрински
Политика
Здравствен консултант ќе ја „лекува“ МРТ
Mинистерот ќе одлучи за екстерните тестови
Медиумите станаа куче кое трага по написи
АРМ во подготовка за борбена група на ЕУ
Комитетот за здравство - параван за приватизација на болниците
Критики до Груевски што го повикал на разговор претседателот на Апелација
Лекари ќе го спасуваат битолскиот разгранок на СДСМ
Власта омекнува во спорот за името