Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

ИНТЕРВЈУ

Медиумите станаа куче кое трага по написи

Никола Тупанчески, професор на Правниот факултет

Даниела Трпчевска

Македонија и во последниот извештај на американската организација „Фридом хаус“ не може да се пофали со добар рејтинг за слобода на медиумите и судството. Може ли земјава да го ослободи новинарството од политичките пранги и има ли капацитети да го реформира судството?

Слободните, независни и плуралистички медиуми претставуваат основен фундамент за непречено функционирање на едно демократско општество. Особено, во новото информатичко општество медиумите можат да имаат важна улога во обезбедувањето на демократската практика. За жал, оваа „говорна алатка“ мошне ретко бележи успешна примена на нашето поднебје. Од друга страна, пак, несоодветното, неефикасното, и се разбира, ненавременото дејствување на правосудните органи во насока на сузбивање на корупцијата, упатува на бројни показатели кои недвосмислено говорат за проблемите во однос на времетраењето на судската постапка (тешкотии при обезбедувањето нови докази, отсуство на обвинетите, непочитување на инструктивниот рок од 30 дена од моментот на прием на обвинителниот акт во судот). Потребно е да се прави разлика меѓу посложените и поедноставните кривични предмети. Паралелно со ова треба да се обезбеди помалку сложените предмети да се решаваат без непотребно одложување и траењето на притворот во претходната постапка строго да се ограничи со рокови кои не се пречекоруваат.



Дали се согласувате со констатацијата дека медиумите креираат погрешна, искривена слика за состојбите со корупцијата во земјава, не навлегувајќи во суштината на проблемот и без да се консултираат актерите во наводните афери, кои веднаш се линчуваат без пресуда?

За жал, медиумите се' повеќе ја напуштаат позицијата во која тие претставуваат доминантен фактор за утврдување на целите и нивното значење, доделување на статусот и легитимитетот (или злогласието) на народот во центарот на јавното внимание, селектирање на настаните погодни за комуникација и, се разбира, веродостојност на содржината од каде што произлегува. Диспропорционалноста меѓу медиумското портретирање на реалноста од една страна, и самата реалност, од друга страна, на начин на кој е согледана од страна на јавноста, единствено може да доведе до генерирање на погубно чувство на фрустрација и натамошно отуѓување меѓу членовите на публиката. Таков е и случајот со корупцијата. Главнат�� причина е во отсуството на доказен материјал, или, пак, тој е недоволен. Натаму, прифаќање „здраво за готово“ на изворот, кој го нуди една од засегнатите страни, а притоа да не се консултира клучниот актер, кој се товари за самиот коруптивен акт. Станува збор за непочитување на одредени, макар минимални стандардни правила, кои го сочинуваат широкиот сет на професионални новинарски стандарди – фер и избалансиран пристап кон сите актери во приказните!



Неодамна изјавивте дека истражувачкото новинарство треба да влезе во категоријата на „посебни истражувачки органи“, кои можат да помогнат во откривањето на корупциските скандали. Не се ли малку изместени работите кога медиумите се доведуваат во функција на контролен механизам?

Недоволното присуство на истражувачко новинарство во областа на корупцијата (па и пошироко!), во чии рамки се инволвирани клучни актери, кои често во себе кумулираат огромно количество моќ и влијание, во голема мера ги прави бесполезни, дури и „апатични“ напорите на медиумите да дејствуваат во насока на откривање и сузбивање на ваквото неминовно зло. Натамошното опстојување на вака востановената практика, на која и' недостасува т.н. „медиумска писменост“, несомнено ќе доведе до состојба во која полека, но сигурно, ќе започне да избледува сликата за новинарите како „пес–чувар на демократијата“. Наспроти ова, се' повеќе се зајакнува уверувањето дека медиумите единствено би можеле да ги идентификуваме како „кученце кое трага по некакви написи“.

Се разбира, создавањето многуброен тим на новинарски истражители не би смеело да доведе до префрлување на ингеренциите од рацете на Антикорупциската комисија во рацете на медиумите – создавање т.н. медиумска надлежност, туку напротив, истражувачкото новинарство би требало да претставува нужен, комплементарен дел, кој ќе има активна и непосредна улога во откривањето и во спречувањето на овој феномен.



Изминатиов период голем број корупциски скандали, кои помпезно беа најавувани, не доживеаја судска разрешница. Дали недостасува политичка волја за разрешување на големите афери или, пак, напорите на надлежните институции се со краток здив?

Обелоденувањето на коруптивните скандали во настојувањето да се одговори позитивно на сензибилитетот на јавноста, без притоа да се почитуваат професионалните стандарди и процесните гаранции, претставува флагрантно кршење на презумпцијата на невиност, која е од неодминлива важност не само за конкретната индивидуа, туку, истовремено претставува и своевиден атак врз самата држава, сведоштво дека таа не го обезбедува потребниот степен на заштита на највисоките вредности. Во едно од моите излагања, спомнав еден од спектакуларните настани кој ја привлече македонската јавност пред околу една година, кога полицијата решително се пушти во прогон и фаќање на лекарите кои примаат поткуп при вршењето на својата лекарска дејност. Новинарите, предводени од основната премиса „да ја убедиме“ пошироката јавност дека навистина поседуваме капацитети да дејствуваме во оваа мошне суптилна сфера, обезбедувајќи притоа и доволен доказен материјал, се појавија на местото на настанот, но, за жал, не успеаја докрај да ја реализираат сопствената замисла поради тоа што се појавија еден час порано пред пристигнувањето на полицијата. Апсурдот стана уште поголем кога, лекарот, откако излезе од својата канцеларија, се соочи со нивните прашални изрази на лицето, кои велеа: „Па, зарем ти се' уште не си уапсен?“



Во извештаите на влијателни странски организации, Македонија се' уште се посочува дека е во групата земји кои тешко се справуваат со корупцијата. Значи ли ова дека советите на Моника Маковеј не помагаат во напорите на земјава да се справи со овој горлив проблем?

Корупцијата, за која често ја употребуваме синтагмата – врзувачко ткиво на сите облици на организиран криминал, веќе неколку години наназад се наоѓа во фокусот на вниманието на бројни органи и институции, кои активно се вклучени во процесот на откривање и сузбивање на коруптивните акти. Сепак, и покрај бројните критички забелешки, воопшто не се за потценување напорите преземени во оваа насока, чија завршница доаѓа до израз низ усвојувањето на повеќе законски прописи или, пак, нивелирање на постојните, притоа имајќи го предвид новиот систем на казнена правда. На иста линија се и најновите измени и дополнувања на Кривичниот законик, а чија основна интенција се исцрпува низ усогласување со меѓу��ародните стандарди за повеќе суптилни прашања, а едновремено и надминување на пројавените слабости поради кои значаен дел од законските одредби досега беа целосно нефункционални!

Не би зборувал поопширно за препораките на владината советничка Маковеј, поради тоа што изнесените идеи се оценуваат како опасни за демократијата и за европската перспектива на Македонија. Повеќе од очигледно е дека не може да се предлага регулатива, која се коси со основните права и слободи. Треба да се биде крајно внимателен во предлагањето решенија, кои треба да бидат екстремно прецизни, бидејќи станува збор за хиперсензибилна сфера.


#
Статијата е прочитана 517 пати.

Испрати коментар

Од: barbiUSA
Датум: 14.07.2009 00:59:14
Za da nema korupcija,poedinecot trgnuva od sebe si .....da ne bide korumpiran ama dali se site so ista sovest....

Најди! во Утрински
Политика
Здравствен консултант ќе ја „лекува“ МРТ
Mинистерот ќе одлучи за екстерните тестови
АРМ во подготовка за борбена група на ЕУ
Комитетот за здравство - параван за приватизација на болниците
„Некој сака да ми ја затвори устата“, обвинува градоначалникот на Чаир
Критики до Груевски што го повикал на разговор претседателот на Апелација
Лекари ќе го спасуваат битолскиот разгранок на СДСМ
Власта омекнува во спорот за името