Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Лекари ќе го спасуваат битолскиот разгранок на СДСМ

БИТОЛА - Тројца лекари од битолската Клиничка болница ќе го лекуваат битолскиот СДСМ од политичкиот колапс. Дијана Георѓиевска – кожен лекар, Олгица Николовска – неонатолог, и Зоран Лазаревски - специјалист по ургентна медицина, се само дел од списокот на кандидати предложени за локален лидер на социјалдемократите во Битола.

Аспирации да седнат во првата фотелја на Општинската организација пројавиле и ексминистерот за култура, Благоја Стефановски-Баге, поранешниот партиски секретар и бивш пратеник Борче Петковски, а на листата се запишал и битолскиот бизнисмен Васко Ковачевски, кој за многумина од партиското членство е анонимус.

Од партијата велат дека до последен момент се можни изненадувања, а името на новиот партиски лидер ќе се знае најдоцна за два дена. За да ја испита атмосферата во Битола и да се увери во кој ритам дишат сопартијците, во саботата на гости им дојде и старо-новиот лидер Бранко Црвенковски. Извори од партијата велат дека Црвенковски на средби со членството се задржал дури четири часа. И за нивно изненадување, иако очекувале да влијае околу изборот за идниот локален лидер, тој само стрпливо ги сослушал што мислат за предложените кадри и кој од нив би бил најдоброто решение за прв човек на Општинската организација.

Се' уште актуелниот претседател на СДСМ во Битола, Менде Диневски, вели дека за изборот на негов наследник се протежираат два концепта во партијата.

„Едни сметаат дека новиот лидер треба да биде човек кој досега бил инволвиран во сите структури на партијата, а пак други дека тоа треба да биде тотално нова личност, досега партиски неангажирана. Засега има повеќе кандидати, постапката се' уште е отворена, но се' ќе се знае за многу скоро“, вели пратеникот Диневски.

Познавачите на приликите коментираат дека секоја фракција во битолскиот СДСМ има свој кандидат.

Лекарката Георгиевска во изминатите години не беше партиски експонирана, но на последните локални избори единствено таа собра сили да се спротивстави на високиот рејтинг на градоначалникот на Битола, Владимир Талески. И за волја на вистината, Георгиевска на своето гласачко конто собра дури 2.000 гласа повеќе од предложената советничка листа на СДСМ во Битола. Неонатологот Николовска во кампањите се експонираше како остар критичар на лошото раководење на актуелниот директор на битолската болница заедно со нејзиниот колега Лазаревски, кој за време на раководењето на СДСМ беше директор на Здравствен дом - Битола.

Познавачите за ексминистерот Стефановски велат дека и покрај тоа што на последните локални избори се сметаше како најдоброто решение за кандидат за градоначалник, не се реши да ги измери силите со својот колега, актерот Талески. Но, затоа, пак, сега покажува подготвеност да седне во првата фотелја на партијата во Битола и да ги среди актуелните состојби.

Петковски многумина го именуваат како вечниот секретар на партијата, а сега коментираат дека, конечно, се охрабрил да стане и претседател. Тој беше втор човек на СДСМ во градот во времето на Златко Вршковски и Николче Ацевски. За Ковачевски единствено се знае дека води семеен бизнис и досега не бил инволвиран во структурите на партијата.

Она што на шега се зборува во седиштето на партијата е дека сите кандидати имаат силна желба да станат лидери, па лобираат во централата во Скопје не само по партиски, туку и по роднински и пријателски врски. (А.Б.)


Статијата е прочитана 1341 пати.

Испрати коментар

Од: Врач
Датум: 14.07.2009 08:40:00
Политизацијата, а особено партизацијата не лекарите е голем злочин! Тие треба да бидат лекари за сите граѓани, а не само за нивните партиски „пајташи“! Лекарите не смеат да го делат народот! Лекарите сакале или не сакале, овој принцип го нарушуваат со самото нивно партизирање!
Од: marx
Датум: 14.07.2009 08:48:28
Dodeka bravar bese na celo na Komunistickata partija ziveevme normalno. Sega se prekrstivte, pocnavte lekari i psihijatri da stavate da ne vodat, pa zatoa ziveeme vo ludnica.
Од: vesna
Датум: 14.07.2009 12:41:21
Se soglasuvam vo potpolnost so prethodnite chitateli. Lekarite da si lekuvaat, a za politika treba soodvetno educirani kadri. Vaka ispadja deka se e isto, borba za vlast vo samite partii bez ogled za koja stanuva zbor, potoa borba za vlast koga ke dojdat na vlast i se vo istiot krug. Ova e losh znak deka opozicijata ne ja smenila svojata mentalna matrica. Panta rei, samo toneme se podolu.
Од: zore
Датум: 14.07.2009 13:30:54
ne samo lekari, nego nitu hirurzi ni specijaisti ili ne znam ti kakvi se ne drugi profesii, ne mozat da go spasat sdsm, ne samo vo bitola nego i vo cela drzava
Од: srna
Датум: 14.07.2009 13:37:03
Se cudam na prethodnite komentari.Zarem toa sto eden covek e lekar , znaci deka ne treba da se bavi so politika?Pa veruvajte deka i megju niv ima nekoi sto podobro bi rakovodele so politicki partii.Ne gi dvirajte vo odnos na poznavanjeto na politikata.Zarem mislite deka segasnite se mnogu politicki educirani? Pozdrav

Најди! во Утрински
Политика
Здравствен консултант ќе ја „лекува“ МРТ
Mинистерот ќе одлучи за екстерните тестови
Медиумите станаа куче кое трага по написи
АРМ во подготовка за борбена група на ЕУ
Комитетот за здравство - параван за приватизација на болниците
„Некој сака да ми ја затвори устата“, обвинува градоначалникот на Чаир
Критики до Груевски што го повикал на разговор претседателот на Апелација
Власта омекнува во спорот за името