Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Забава

Автомобили

„Алпина БМВ Б5 битурбо“

Производителот на премиум-модели од Минхен има и специјални екстра-изведби, дело на компанијата „Алпина“

Горан Керим

Моделите на „Алпина“ се многу ексклузивни автомобили базирани на програмата на баварскиот производител БМВ. Во случајов, станува збор за „алпина“ базирана врз БМВ серија 5. Ексклузивните елементи на „Б5 битурбо“ (B5-Biturbo) се присутни во секој аспект. Почнувајќи од моќниот агрегат што развива 507 коњски сили при само 5.500 вртежи во минута, додека, пак, максималниот вртежен момент на овој V8 агрегат со зафатнина од 4.400 кубици е 700 Nm добиени на 3.000 вртежи во минута. Целиот мотор е изработен од алуминиум, а голема моќ постигнува благодарение, пред се', на двата турбокомпресора на „Ханивел Гарет“ („Honeywell-Garrett“). Исто така, благодарение на директното вшприцување и двојниот систем ВАНОС за контрола на вентилите се постигнуваат добри еколошки перформанси, просечна потрошувачка од 10,8 литри на 100 км и емисија на 252г/км CO2.

Менувачот е автоматски со осум степени на пренос, дело на фирмата ZF со свич троник систем за менување на брзини на управувачкото тркала. Располага со неколку мода на возење: автоматски за удобно возење, спортски и мануелен за динамично и поагресивно управување.

„Алпина Б5 битурбо“ се приспособува на различните начини на возење, благодарение на специјално калибрираната шасија и на тркалата од 20 инчи со традиционален дизајн н „Алпина“. Бандажите се ултраперформанс „мишелин суперспорт“ со димензии 255/35ZR20 напред и 285/30ZR20 назад. Исто така, возилото е опремено и со амортизери со електронска регулација. Во има копче „драјв динамик контрол“, со кое се избира начинот на возење: „нормал“, „комфор“, „спорт“ и „спорт+“. Системот ги преработува параметрите на серво-управувачот, трансмисијата на вртежниот момент и електронската контрола на стабилноста. Ова овозможува возење на сосема различни начини, од удобно и релаксирано, па се' до спортско и агилно.

Каросеријата е примамлив коктел на елеганција, агресивност и динамика.

Аеродинамиката е оптимизирана и ја намалува можноста за „одлепување“ за 60% напред и 30 % назад, со што возилото има голема стабилност и при огромни брзини.

„Пјаџо“ најавува најевтин автомобил

„Пјаџо“, реномирана светска марка за производство на скутери, најави проширување на понудата на мали градски автомобили со четири тркала. „Пјаџо НТ3“ е концепт на мини градско возило со многу ниска цена. Автомобилот треба да има три седишта и е изработен на база на „пјаџо апе“. Новиот лилипутанец треба да биде долго 2,4 метри, широко 1,5 м и високо 1,6 м. Иновативниот систем на отворање на страничните врати на патниците им овозможува полесно влегување и излегување. Багажниот простор е под совозачките седишта. Сериското производство се најавува во 2013 година, а првите две години од производството би се продавало само во Индија. „Пјаџо“ е конкурент на „тата нано“ - најевтиното сериско возило.

„Макпетрол“ и „Хонда“ со суперцени

Македонскиот увозник за програмата на „Хонда“ - „Макпетрол“ понуди нови, атрактивни цени за одреден број модели од гамата на Хонда.

Тоа е резултат на одличната соработка со принципалот, кој согледувајќи ги условите на пазарот, понудил корекции на цените, овозможувајќи молделите на „Хонда“ да бидат подостапни до домашните купувачи. По намалување на цената на моделите „сивик“ со пет врати и мотор од 1,4 литри на 15.490 евра, цените се коригирани и кај седан-верзијата со четири врати, со агрегат од 1,8 литри и цена од 18.990 евра. Топ-верзијата „сивик тајп R“ има најатрактивна формирана цена досега.Спортистот со 200 КСчини 23.990 евра. Елегантната лимузина од средна класа „акорд“ со 2,0 литарска верзија, со ниво на опременост елеганс, се нуди за 22.990 евра. Истата цена важи и за најдоверливиот СУВ на светот, моделот CR-V, а хибридот инсајт чини 18.990 евра

Произведени милион „реинџ ровер“

„Реинџ ровер аутобиографи“ во боја „ултимеит блек“, а се симна од лентите во фабриката во Солихул во Англија. „Ленд ровер“ овој автомобил и' го подари на британската организација „Хелп вор хироус черити“, која кон крајот на годината ќе го продаде на аукција. Инаку, „ленд ровер“ во чест на 40-годишната историја на „реинџ ровер“ пред неколку месеци ја лансира „Аутобиографи 40 години лимитирана едиција“. Од овој модел ќе се произведат само 700 единици, а сопствениците ќе можат да бираат најлуксузни пакети на опрема наменети само за ова едиција.

„Маккар“ и БMВ го промовираа ��ефисиент динамикс“

„Маккар“ од Скопје, овластен увозник за возилата од програмите на БМВ, „мини“ и „ленд ровер“, заедно со инструкторите на БМВ од Минхен, деновиве им објасни теоретски и практично на домашните новинари како функционира филозофијата „ефисиент динамикс“.

По кусата обука во продажно-изложбениот и сервисен центар на „Маккар“, инструкторите на баварската марка и практично покажаа како безбедно и ефикасно, со помала потрошувачка и емисија на гасови, се возат моделите на БМВ.

Најнапред се извежбуваше правилната позиција на возачот зад управувачот, по што следуваше слалом-возење и „емерџанси брејк“ – кочење пред салонот на „Маккар“.

Потоа во две возења, со различни модели на марката од Минхен, новинарите возеа низ градот и во околината на Скопје (до населбата Петровец) по што инструкторите ги споредуваа постигнатите резултати, просечната потрошувачка при возењето. Притоа, се користеа добиените упатства за возење во повисок степен, без нагли забрзувања и сопирања, без вклучена клима и слично.

„Алфа ромео“ и „масерати“ со SUV на платформа на џип

Серџо Маркионе, неспорниот шеф на ФИАТ, при претставувањето на финансиските резултати на групацијата „Крајслер“, за третиот квартал од годинава, најави можност идните SUV-модели на „алфа ромео“ и на „масерати“ да ја користат платформата на џип „гранд чироки“. Платформата, инаку, е резултат на соработката меѓу „Крајслер“ и поранешниот партнер на Американците – „Мерцедес“. Ако овие модели добијат зелено светло, нивното лансирање на пазарот би требало да се очекува во текот на 2012 година, а производството би требало да биде во погоните на фабриката „Џеферсон Норт“ во Детроит.

Подготвува: Владимир Ристовиќ


#
Статијата е прочитана 764 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
„Роса“ останува на врвиците на традицијата
Европа потклекна под налетот на имигрантите
„Капка под небото“ во тираж од 20.000 примероци
Бесна поради написите за свадбата
Замина уште еден крал на комедијата
Почна трката на Песна за Евровизија
Познатите ги згаснуваат своите дигитални профили
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society