Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Забава

БОРБА ПРОТИВ СИДА

Познатите ги згаснуваат своите дигитални профили

Лејди Гага, Џастин Тимберлејк, Ашер, Алиша Кис, Ким Кардашијан... се само некои од познатите личности, кои утре, на 1 декември, симболично ќе ги згаснат своите профили на социјалните мрежи, како што се „Фејсбук“ и „Твитер“, за да и' се придружат на хуманитарната акција за подигнување на свеста во борбата против сидата. Многу познати спортиски, музичари и актери се одлучија да и' се придружат на хуманитарната акција на 1 декември, кога се одбележува Меѓународниот ден на борба против сидата.

Алиша Кис прва ја покренала акцијата на еден ден да ги згасне сите свои профили на популарните социјални мрежи и така да укаже на се' поголемиот број заболени од вирусот ХИВ низ светот. Нејзиниот предлог го прифатиле многубројни колеги и сега во оваа акција учествуваат Лејди Гага, Џенифер Хадсон, Серена Вилијамс и Џастин Тимберлејк. Сите тие ќе снимат и рекламен спот каде што лежат во сандаци, што ја претставува нивната дигитална смрт.

„Многу е важно да ги шокираме луѓето и едноставно со тоа да ги разбудиме. Се разбира, не е вистина дека на луѓето не им е грижа за другите и дека не сакаат ништо да направат. Работата е во тоа што тие и не мислат на болеста“, објаснила Алиша Кис.


#
Статијата е прочитана 785 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
„Роса“ останува на врвиците на традицијата
Европа потклекна под налетот на имигрантите
„Капка под небото“ во тираж од 20.000 примероци
Бесна поради написите за свадбата
„Алпина БМВ Б5 битурбо“
Замина уште еден крал на комедијата
Почна трката на Песна за Евровизија
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice