Македонската радио-телевизија го објави конкурсот за фестивалот Скопје 2011 – национален Избор на песна за Евровизија, што ќе се одржи во февруари идната година. Право на учество на конкурсот имаат сите државјани на Република Македонија, а заинтересираните автори треба да испратат финална верзија на песната. Конкурсот е објавен на веб-страницата на МТВ (www.mtv.com.mk) и трае до 15 декември.
Уметнички директор на фестивалот е Оливер Димитров, а шеф на Македонската евровизиската делегација Љупчо Стојановски, уредник на Забавната редакција на МТВ. Победникот на „Скопје 2011“ ќе ја претставува Македонија на 55. издание на Изборот на песна за Евровизија, што ќе се одржи во мај идната година во Дизелдорф, Германија.