„Капка под небото“ во тираж од 20.000 примероци
Долгоочекуваниот, шести студиски албум на поп-пејачката Каролина „Капка под небото“ од вчера и официјално беше пуштен во продажба, во тираж од 20.000 примероци.
Албумот се продава низ целата земја по цена од 200 денари. „Авалон продукција“, издавач на цедето, најави дека во пресрет на новогодишните празници во продажба ќе биде пуштено и ексклузивно дигипак-издание на овој албум. |